ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Кавадарци повторно слави, неефикасни „пеналџии“, Вардар со „фенерот“

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 8. КОЛО

Нова победа на Тиквеш во шампионатот. Во Кавадарци ова коло „падна“ Брегалница. Во одлична атмосфера, во одличен меч, со многу шанси, на крајот Ивановски донесе триумф на кавадарчани. Сепак, херојот е Стојан Димовски кој на 1-1 одбрани пенал, одбрана која ги „крена“ неговите соиграчи кои на крајот стигнаа до целиот плен. Во ова коло има смена на дното на табелата. Таму сега се наоѓа Вардар кој загуби на домашен терен од Гостивар. Со тоа се покажува дека проблемите во овој клуб од секаква пригода имаат големо влијание и на резултатите. Едноставно овој тим на Вардар грчевито ќе се бори за опстанокот, но ја загуби најважната битка. Ниту голот во 11. секунда не го шокираше Шкупи, кој на крајот стигна до победата во Охрид над Воска Спорт. Шкендија се „намачи“ да дојде до триумфот над Македонија ЃП, исто како и Струга ТЛ над Работнички. Во Струмица нерешено, со промашен пенал на Силекс. Пеналџиите во ова коло не беа расположени, со оглед дека покрај Силекс, пенали промашија и Струга ТЛ и Брегалница. Реализираше само Воска Спорт преку Марушиќ во дуелот со Шкупи.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Стојан Димовски (Тиквеш)

Тиквеш на свој терен го порази тимот на Брегалница. Ивановски беше стрелец на победничкиот гол, но сето ова немаше да се случи ако на голот Тиквеш го немаше ветеранот Стојан Димовски. На 1-1 чуварот на мрежата одбрани пенал за штипјани, а добро го чуваше голот уште во неколку наврати, со што на својот тим на крајот му донесе важни три бода.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Младен Жижовиќ (Шкупи)
Младен Жижовиќ на кормилото на Шкупи реди само победи. Има три од три, вклучувајќи ги и натпреварите во Купот. На тешкото гостување во Охрид, неговиот тим и покрај тоа што прими гол во 11. секунда, сепак, на крајот направи пресврт и стигна до победата. Одличен старт за стручњакот од БИХ на клупата на чаирчани.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Ералдо Чинари (Шкендија) 

Екипата на Шкендија се намачи да дојде до триумфот над Македонија ЃП. На домашен терен дури во вториот дел го „скрши“ отпорот на „лавовите“. Херој беше Ералдо Чинари, кој што успеа со убав гол да го совлада Стевковски, и така да ги донесе сите три бода за својата екипа.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ


ФОТО НА КОЛОТО: Ви треба освежување сред меч!? Нема проблем…

Фото: ФК Воска Спорт
Фото: ФК Воска Спорт

Се вчитува...