ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Мато вреден злато за Вардар, нема веќе екипи со 100% ефект

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 6. КОЛО

Малку е невообичаено да се прави тим на коло во петок. Меѓутоа колото се играше од вторник до четврток со многу возбудливи натпревари и со многу голови, пенали, црвени картони, реакции од тренери… Роџерс Мато е играч на колото, со трите гола против Арсими. Имаше свое шоу играчот на Вардар во Гостивар, и постигна „хет-трик“ во триумфот од 1-4. Ова беше коло во кое се случија некои работи кои досега се немаа случено во првите пет кола. Така Силекс првпат загуби, и тоа на гостувањето кај Башкими, кој уште еднаш покажа дека може да прави проблеми на секоја екипа во ПМФЛ. Првпат Струга ТЛ не победи на еден натпревар, и одигра само нерешено со Шкендија. Работнички за првпат, пак, победи во ова првенство освојувајќи ги трите бода во дуелот со Пелистер по победата од 3-0. Димитар Трајков се погоди како вистинско засилување со гол и асистенција на мечот. Прва победа запиша и Тиквеш, кој на домашен терен го совлада тимот на Шкупи со 1-0. Македонија ЃП влегува во форма, и победи на уште еден домашен меч со 2-0. Ова беше првпат „лавовите“ да ја сочуваат мрежата.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Роџерс Мато (Вардар)

Вардар покажа дека има моќ оваа сезона да се бори за титулата во ПМФЛ. Еден од оние кои може да го поведат „црвено-црниот“ тим кон тој успех е Роџерс Мато. Крилниот фудбалер игра сезона од соништата, и продолжува да ги „кине“ противничките мрежи. Постигна три гола во мрежата на Арсими, и го стигна Басиру Компаоре на врвот на листата на стрелците. Мато беше злато вреден за Вардар, и нерешлива енигма за противничките играчи.

================================

 

 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Муарем (Башкими)

Башкими успеа да дојде до голема победа, и да го совлада Силекс, кој до ова коло беше непоразен тим во ПМФЛ. Сепак, се случи и тоа да загуби и тоа на гостувањето во Куманово. Муарем Муарем одлично ја постави тактиката, а дополнителна тежина оваа победа има со оглед на фактот што домашниот тим натпреварот го заврши со 10 играчи.

==============================

 

 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 6. КОЛО:

Се вчитува...