Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 16. КОЛО
Кризата на Шкупи продолжува. Четврти пораз по ред во ПМФЛ за тимот од Чаир, кој веќе е отпишан од битката за титулата, па може да се каже и за Европа. Склопувањето на тимот во доцниот подготвителен период можеби беше клучен, но и смената на газдите има влијание. Шкупи менуваше тренери, но дефинтивно тимот не игра како што се очекува од нив. После поразите од Вардар, Гостивар и Силекс, не можеше да се очекува ништо повеќе и во Тетово. Шкендија покажа дека е во подобра форма, и го совлада со „лесни“ 2-0. Вардар влезе во добра форма, но повторно се соочи со реалноста кога наиде на тим кој што е во налет. Гостивар запиша уште една победа. Не им беше лесно на гостиварци во нападот, но затоа во одбраната имаа речиси лесна задача, со оглед дека Вардар ретко кога го „виде“ голот на Василев. Затоа Работнички покажа дека се врати на старите патеки. Го совлада Тиквеш кој се чини се претвори во најголем фаворит за испаѓање. Нема голови, нема ни победи, а Тиквеш и во ова коло остана со „нула“. Во форма е и Силекс. После победата над Чаир, се чинеше дека ќе има лесна задача со Беса, се до црвениот картон. Но, и тоа не ги поремети кратовци да дојдат до убедлив триумф против Воска. Беса и натаму е во лоша серија. На домашен терен загубија од Брера. Струга, пак, не блеска, но останува во битка за врвот. Ја победи екипата на Пелистер со минимални 1-0.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Атхе Мазари (Работнички)
Атхе Мазари постигна два гола во триумфот на неговиот Работнички во дуелот со Тиквеш. Фудбалерот на „романтичарите“ ја донесе победата на својата екипа, важна во битката за врвот и за титулата. Дека на „романтичарите“ не им беше лесно покажува фактот дека Тиквеш не искористи зицер и можност да се врати во игра, но алексовски не дозволи да биде совладан.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)
Јетон Беќири е тренерот на колото. Со својата Шкендија ја совлада екипата на Шкупи. Неговиот тим цело време ја имаше контролата на играта, на резултатот и на крајот заслужено победи. Шкендија рано го отвори резултатот, имаше контрола, а потоа стави печат на победата.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Асане Диата (Гостивар)
Гостивар долго време се „мачеше“ против Вардар. Имаше инцијатива, имаше шанси, но го „отвори“ Вардар дури во вториот дел со прекрасен гол на Асане Диата. Од 25 метри Диата шутираше силно, а топката од пречката заврши во голот на Гачевски.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА