Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
ТИМ НА 23. КОЛО
Првото коло од последниот трет круг на натпревари во Првата македонска фудбалска лига ни донесе многу возбудувања, но и многу непознаници за тоа како ќе заврши сезоната во елитата. Три тима остануваат во борба за титулата, а сите останати повеќе или помалку се уште ќе мора да се плашат за својот опстанок. Најтрофејниот Вардар успеа да освои бод на гостувањето кај Гостивар, а херој за „црвено-црните“ дефинитивно е младиот голман Методија Велковски кој имаше неверојатен меч за паметење. Струга ТЛ остана на првата позиција откако премногу лесно стигна до триумф над АП Брера од 3-1. Во неверојатна голеада на Чаир, Шкупи за нијанса беше подобар од Работнички со 3-2, додека од водечкиот троец само Шкендија не стигна до полн плен откако одигра реми без голови против Воска благодарение на голманот Захов кој му одбрани пенал на Чинари. Силекс конечно победи под водство над Александар Васоски откако триумфираше против фенерџијата Македонија ЃП со минимални 1-0, додека во дербито на истокот Тиквеш беше подобар од Брегалница со 2-1.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Методија Велковски (Вардар)
Најтрофејниот Вардар успеа да освои бод на гостувањето кај Гостивар, а херој за „црвено-црните“ дефинитивно е младиот голман Методија Велковски кој имаше неверојатен меч за паметење, па со тоа и повеќе од заслужено го доби епитетот играч на колото.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Струга ТЛ)
Струга ТЛ остана на првата позиција откако премногу лесно стигна до триумф над АП Брера од 3-1. Шпетим Дуро одлично го подготви својот тим за овој меч, па затоа и заслужено е избран за тренер на колото.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Соломон Кинг (Брегалница)
Тиквеш славеше во дербито на истокот против Брегалница со 2-1, но дефинитивно натпреварот го одбележа погодокот на фудбалерот на штипјани, Соломон Кинг. Кинг донесе водство за својот тим од 0-1 со прекрасен погодок, но и тоа не беше доволно за радост за „сините“.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА