ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Не бил само Гоце проблемот, Ибраими ја води Струга кон титула

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 25. КОЛО

Актуелниот лидер Струга Трим и Лум продолжува со одличните победи во домашниот шампионат, откако во 25. рунда славеше на домашен терен со 3-1 против Академија Пандев. Стружани целата работа ја завршија за половина час игра, а натпреварот го одбележа најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ Бесарт Ибраими кој постигна два гола. Актуелниот шампион Шкупи продолжува да тоне. Ниту смената на Гоце Седлоски не помогна тимот да се врати на вистинскиот пат, откако загуби на домашен терен од Скопје со 0-1. Киксот на Шкупи го искористи Шкендија која со триумф над „фенерџијата“ Победа од 2-0 се искачи на 2. место на табелата. Македонија ЃП продолжува да победува со Горан Симов откако славеше со 2-1 против Работнички, додека во дербито на истокот Брегалница и Тиквеш одиграа без голови 0-0.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Струга ТЛ) 

Струга Трим и Лум продолжува сигурно да чекори кон титулата во ПМФЛ. Овојпат стружани славеа со 3-1 на домашен терен против Академија Пандев, а натпреварот го одбележа Бесарт Ибраими. Најдобриот стрелец во историјата на ПМФЛ со два гола во 12. и 15. минута по само четвртина час ги разреши сите дилеми околу победникот.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Мирсад Јонуз (Скопје)

Фудбалерите на Скопје ја продолжија агонијата на актуелниот шампион Шкупи совладувајќи го на Чаир со минимални 0-1. Поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз одлично го подготви овој натпревар и е еден од главните виновници за големата победа на Скопје во битката за опстанок.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Атхе Мазари (Работнички)

Работнички загуби на гостувањето против Македонија ЃП со 2-1, но дефинитивно мечот го одбележа фудбалерот на „романтичарите“ Атхе Мазари. Тој на прекрасен начин успеа да донесе израмнување за својот тим на 1-1, но и овој феноменален гол не беше доволен да го спаси тимот од Дебар маало од пораз во Ѓорче Петров.

 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ФОТО НА КОЛОТО: Брат, брата не рани… 

Се вчитува...