ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Новиот Вардар се „изгуби“ во Струмица, фуриозен старт на Брера и на Шкендија

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 1. КОЛО

Уште во 1. коло од новата сезона во ПМФЛ се случи големо изненадување. Тимот на Воска Спорт, кој што веќе беше „отпишан“ од сите, освои голем бод на гостувањето кај Шкупи. Чаирскиот тим играше на Маџари, но тоа не го намали фактот дека се фаворити. Почнаа одлично, поведоа, а на крајот Воска можеше да си замине со сите три бода. Водеше охридскиот тим 1-3, но Шкупи со два гола успеа да се извлече. Брера покажа квалитет уште по првото коло во нашата ПМФЛ. Тимот од Струмица одигра одлична партија под рефлектори против Вардар и стартуваше со победа. Затоа двојниот стрелец од тој меч Ѓорѓе Ивковиќ го понесе епитетот најдобар во првото коло. „Новиот Вардар“ не покажа квалитет, не покажа ништо, иако стартуваше со нов спонзор и силни амбиции. Сепак, ќе треба многу повеќе ако се сака да се обезбеди пласман во Европа. Фуриозно тргна и Шкендија, која како гостин го совлада новиот прволигаш БЕСА во меч одигран во Гостивар. Гостивар, пак, и покрај звучните имиња, освои само бод во Битола, против повратникот Пелистер, додека Струга ТЛ дури во финишот дојде до победа над Тиквеш. На Работнички му беше доволен еден гол за трите бода. Силекс имаше неколку зицери, но не ги реализираше, па бодовите останаа во Скопје.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО:  Ѓорѓе Ивковиќ (Брера)

Високиот напаѓач на струмичкиот тим постигна два гола против Вардар, и уште на стартот најавува дека дека Брера оваа сезона има сериозни амбиции да се вмеша за горниот дел на табелата. Иако одбраната на „црвено-црните“ не делуваше како треба, сепак, тоа не го намалува фактот дека Ивковиќ со двата гола и трите бода е играч на почетното коло во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бојан Круљ (Брера)
Големата победа над Вардар, го носи Бојан Круљ на местото најдобар тренер во првото коло од новата сезона во ПМФЛ. Неговиот тим одигра одличен натпревар, а по мечот тој самиот истакна дека ова беше најдобрата партија на неговиот тим откако е тој тренер. Уште од старт Брера ги „поткопа“ амбициите на Вардар за висок пласман, иако е ова само почеток на сезоната, сепак, Брера покажа квалитет и дека ќе може да се вмеша во битката за горниот дел на табелата.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Јоан Симун Едмундсон (Шкупи)

Шкупи успеа да се спаси од пораз во дуелот со Воска Спорт како домаќин, а најзаслужен за тоа беше прекарсниот гол на Јоан Симун Едмундсон. Играчот на чаирскиот тим со прекрасен гол успеа да донесе 3-3, и бод за својот тим.

 

ФОТО НА КОЛОТО: СЕ Е ВО РЕД, САМО МАЛКУ ДА ОДМОРАМ ОД ТОПЛОТО 

 

Се вчитува...