Прва лига – ПОД ЛУПА: Пандемијата не е пречка да се слави со навивачите…, Шкендија шампион, Струга кон Европа, Пелистер за опстанок

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 29. КОЛО

Шкендија со триумфот над Борец ја освои својата четврта шампионска титула во историјата. Тетовци очеквано и заслужено стигнаа до нова титула. Познато е дека Шкупи, на крајот ќе заврши на втората позиција, а неизвесна ќе биде битката за третото место кое води во Европа откако Струга ТЛ во драматичен натпревар славеше на гостувањето против Македонија ЃП. Повеќе од неизвесна ќе биде битката за опстанок, откако Вардар славеше против Беласица, а Ренова загуби на гостувањето од Пелистер.

=====================================================================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Немања Босанчиќ (Струга ТЛ)

Одигра одличен натпревар. Еден е од најзаслужните за големата победа на стружани во Ѓорче Петров со која останаа во трка за европски излез сезонава. Постигна и прекрасен гол со кој го овозможи патот до победата на својот тим. И пред погодокот во неколку наврати се најде во извонредни позиции, но само противничкиот голман го спречи да се радува на уште некој гол.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТЛ)

На извонреден начин го води тимот кон најголемите успеси во клупската историја. Пронајде беспрекорна мотивација за тимот да го одигра еден од најдобрите натпревари сезонава, тогаш кога беше најпотребно. Со труумфот над Македонија ЃП сега се во исклучително поволна позиција во борбата за третото место на табелата.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Немања Босанчиќ (Струга ТЛ)

Повеќе од луциден погодок на српскиот интернационалец во редовите на Струга ТЛ. Извонредно го матираше противничкиот гол овозможувајќи пат до триумф за својот тим.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Нити пандемијата не е пречка да се слави со навивачите….

Се вчитува...