Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 11. КОЛО
Пеналите во Скопје и во Струга, ги израдуваа водечките два тима Вардар и Струга ТЛ во пресметките со Силекс, односно Шкупи. Струга ТЛ на „свој терен“ играше како гостин против „чаирчани“, кои имаат суспендиран терен и многу проблеми оваа сезона. Шкупи веќе со едната нога е во втората лига, а Струга ТЛ е во битка за титулата. Вардар се искачи повторно на врвот благодарение на пенал во судиското надополнување. Го реализираше Мато, и така „црвено-црните“ триумфираа со 2-1. Тетовските „црвено-црни“, пак, и натаму се мачат да ја најдат вистинската форма. Штотуку се помисли дека со водството од 0-2 на полувреме против АП Брера ќе дојдат до лесна победа, сепак, во вториот дел им беше загрозен триумфот. И не само поради фактот што АП Брера стигна до еден гол негатива на двапати, туку што во последните мигови на 2-3 имаше можност да дојде до бод. Но, не успеа. Згора на тоа предхотно домашниот тим имаше и пенал, кој го одбрани Гаје. Освен триумфите на Вардар, Струга ТЛ и Шкендија, другите натпревари завршија нерешено. Неверојатно е она кое го „прокоцка“ Работнички во мечот со Арсими. Предност од 0-2 на полувреме, на крај да прими два гола за 2-2. Македонија ЃП и Башкими се изнапромашија, па на крајот си поделија по бод благодарение на грешките на голманите, а Пелистер и Тивкеш одиграа „приспивна“ и без голови.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ после поразот од Брера, се врати на победничките патеки и го совлада тимот на Шкупи како „гостин“ во Струга. Басиру Компаоре беше стрелец на два гола, еден од игра и еден од пенал за конечен триумф на Струга ТЛ, со кој останува во битка со Вардар за првото место. Инаку на овој меч Струга ТЛ триумфираше со играч помалку.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (ВАРДАР)
Вардар со уште една победа од уште едно дерби. „Црвено-црните“ го совладаа тимот на Силекс, а Седлоски го предводеше тимот кон првото место на табелата во ПМФЛ, и стана најсериозен кандидат за епитетот есенски првак.
==============================
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Башким Велија (Арсими)
Екипата на Арсими успеа да извлече бод од натпреварот со Работнички на домашен терен, и покрај негативата од 0-2 на полувреме. Башким Велија постигна прекрасен погодок за намалување на резултатот. Велија од 30 метри шутираше прецизно во голот на Василев, кој не успеа да одбрани.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 11. КОЛО:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
