Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
ТИМ НА 11. КОЛО
Последното 11. коло во Првата македонска фудбалска лига донесе многу промени во тренерскиот кадар на домашните тимови. Актуелниот шампион Струга Трим и Лум со можеби и најдобрата партија сезонава и триумфот на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров (0-3) му пресудија на шефот на стручниот штаб на „лавовите“, Горан Симов. Човекот кој минатата сезона го освои куп трофејот со Ѓорче Петров, по лошиот старт на сезоната и само 11 освоени бодови веќе не е прв човек на клубот од скопската населба. Иако се уште не е официјално потврдено и Работнички најверојатно ќе остане без тренерот Милан Илиевски по вчерашниот пораз од 1-0 против „фенерџијата“ Вардар. Илиевски по поразот поднесе оставка од тренерското место, а таа денеска се очекува да биде прифатена од раководството на клубот. Шкупи стигна до важни три бода на домашен терен против Брегалница (1-0), а со истиот резултат славеше и Силекс над Тиквеш. Реми (1-1) одиграа Шкендија и АП Брера, како и Гостивар и Воска.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Дарко Мицевски (Вардар)
Капитенот Дарко Мицевски капитенски го водеше својот тим до победа во градското дерби против Работнички. Со гол од пенал Мицевски барем за момент ја врати надежта на „црвено-црните“ дека и покрај сите проблеми ќе успеат да обезбедат опстанок сезонава во ПМФЛ.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Струга ТЛ)
Актуелниот шампион Струга Трим и Лум го одигра можеби најдобриот меч сезонава откако триумфираше на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров (0-3). Шпетим Дуро тотално го надигра својот колега Горан Симов кој веќе не е тренер на клубот од скопската населба.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Антонио (Брера)
Творец на евро-голот за АП Брера е Бразилецот Лео Антонио кој мајсторски погоди во 75. минута за водство од 0-1 на струмичани. Во 79. минута, пак, Аденис Шаља израмни за конечни 1-1 на дуелот под Шара.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА