ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Се освен дерби во Тетово, купот останува единствена шанса за „лавовите“ за Европа

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

====================================

ТИМ НА 32. КОЛО

Наместо да гледаме дерби натпревар меѓу двата најдобри клуба Шкендија и Шкупи ние во Тетово видовме се освен фудбал. Инцидентите на трибините, кои се пренесоа и на теренот го одбележаа дерби натпреварот на 32. коло кое траеше до вечерните часови, а на крајот од „Куќата на фудбалот“ треба и да се среќни што натпреварот заврши пред да падне мрак во Тетово. Македонија Ѓорче Петров ќе мора да ја брка титулата во Купот доколку сака да игра во Европа, бидејќи по вчерашниот пораз од Струга Трим и Лум излез во Европа не може да обезбеди преку лигата. Академија Пандев победи дома против Работнички и ја осигура втората позиција. Брегалница го доби Тиквеш, Ренова беше сигурна со Скопје, а во дуелот на тимовите кои следната сезона ќе бидат во ранг подоле, Пелистер славеше над Борец.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Немања Босанчиќ (Струга ТиЛ) 

Српскиот интернационалец Немања Босанчиќ со два гола ги реши „лавовите“ сред Ѓорче и ги исфрли од борбата за Европа кога е во прашање домашниот шампионат. Македонија ќе мора да брка настап во квалификациите од Конференциската лига преку купот на Македонија, а главен виновник за тоа е токму Србинот во дресот на Струга Трим и Лум.

================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Срѓан Захариевски (Струга ТиЛ) 

Најдолговечниот тренер во домашниот шампионат уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите македонски стратези. Успеа со 1-3 да ја добие фаворизираната Македонија Ѓорче Петров на нејзин терен и со тоа да ја исфрли од играта за Европа преку лигата и единствена шанса за Конференциска лига да брка преку националниот куп.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Арби Воша (Македонија Ѓорче Петров) 

Арби Воша беше единствената светла точка на „лавовите“ во поразот од Струга Трим и Лум на домашен терен со 1-3. Младиот фудбалер одлично пласираше и го матираше голот на гостите од Струга за почесен погодок на домашниот тим.

=================================

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

 

Се вчитува...