ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Се расчисти патот на Вардар кон титула, Шкупи и Работнички „спакувани“ за Втора лига

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 18. КОЛО

Во првите две пролетни кола, Вардар си го расчисти патот кон титулата. Две победи над Арсими и над Работнички, два порази на неговито директен конкурент Струга ТЛ, и сега Шкендија е второпласирана, со разлика од шест бодови. Струга ТЛ кој беше на еден бод од скопските „црвено-црни“, со очајниот почеток на вториот дел од сезоната, падна на -7 бодови. Ете колку може нештата да се сменат за само 180 минути во ПМФЛ. Вардар лесно си ги освои бодовите против Работнички, со три гола во мрежата и потоа Силекс ја заврши работата со триумфот во Струга од 2-3 во неверојатен пресврт за само две минути. Шкендија сега се вклучува во битка за титулата, откако запиша две победи во првите две пролетни кола, но и натаму е „шест чекори“ назад од Вардар. Се расчистува ситуацијата и за испаѓањето. Шкупи и Работнички се веќе второлигаши. Теоретски и за едните и за другите има некаква шанса, но според она што го прикажуваат, речиси е невозможно да се надеваат дека во следните 15 кола ќе се случи чудо во нивна корист. За третото место кое носи во Втората лига има многу „кандидати“. Од Пелистер, Македонија ЃП, па се до Тивкеш, Арсими, па и Брера и Башкими. Засега во најдобра ситуација е Башкими, кој го совлада тимот на Пелистер, и заплива во помирни води, додека за Пелистер следува жестока битка за опстнакот. Тука е и Македонија ЃП која триумфираше, но благодарение на тоа што противникот беше Шкупи. Тиквеш по победата над Арсими, загуби од Шкендија и си ја искомплицира ситуацијата, додека, пак, Арсими очајно влезе во пролетниот дел, со два порази, од кој едниот од директниот конкурент за опстанок АП Брера, па сега треба да стравува дали ќе остане во прволигашката конкуренција.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Мигуел Пиреш (Силекс)

Португалецот во редовите на Силекс беше најзаслужен за триумфот на својот тим на гостувањето во Струга, одалечувајќи го домашниот тим од битката за титулата. Покрај тоа што го постигна победничкиот гол, играчот од средниот ред на кратовци асистираше и при првиот гол, со што даде свој придонес во двата од трите голови за оваа голема победа, со која Силекс сега ќе атакува на едно од местата кои директно носат во Европа идната сезона.

================================

 

 

 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)

Јетон Беќири и неговата Шкендија одлично го стартуваа пролетниот дел од сезоната. После победата над Струга ТЛ на домашен терен, Шкендија покажа сила и во Кавадарци, каде што и покрај негативата, на крајот дојде до убедлив триумф против Тиквеш. Беќири сега со својот тим се враќа во игра за одбрана на шампионскиот трон, и ќе се обиде да ја стигне разликата со Вардар која во моментов изнесува шест бодови.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Стефан Цветковиќ (Вардар)

Стефан Цветковиќ, новото име во редовите на Вардар досега покажува дека е достојна замена за Роџерс Мато. Крилниот фудбалер на Вардар постигнува втор гол во вториот пролетен натпревар, а оној погодок против Работнички беше вистинско ремек дело. Од 20 метри Цветковиќ распали и погоди во горниот лев агол од голот на „романтичарите“.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 18. КОЛО:

Се вчитува...