Прва лига – ПОД ЛУПА: Шкендија е на само три бода од титула, „лавовите“ чекорат кон Европа

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 27. КОЛО

Шкендија победа, а Шкупи повторно киксираше, па тетовци сега се на само една победа до нова шампионска титула. Ако шампионот веќе се насетува, максимална битка ќе има за последното место кое води во Европа, меѓу Македонија ЃП, Работнички и Струга ТЛ. Жестока битка ќе има и за опстанокот. Вардар се одржува некако во живот, во ситуација во која се уште се загрозени и Ренова и Силекс.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Самир Фазли (Македонија ЃП)

Со два погодоци донесе победа за Македонија ЃП против Борец која носи дополнителни позитивни вибрации пред дерби-пресметката со Работнички престојниов викенд.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Андреј Чернишов (Беласица)

Беласица со сигурност ќе се пресели во второлигашката конкуренција, но тоа апсолутно не ги демотивира струмичани на секој прволигашки натпревар сезонава. Напротив, Чернишев постојано пронаоѓа мотивација и игра за своите фудбалери кои ова коло го изненадија Шкупи триумфирајќи со погодокот на Бенјамин Демир.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Алдаир Нето (Пелистер)

Со извонреден погодок Алдаир Нето донесе три бода за Пелистер по пресврт победата од 3-2 против Силекс.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Чекај братче имаш топка на грбот, да ја тргнам…

Се вчитува...