ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Шкендија единствен конкурент на Струга, Шкупи се подалеку од титула

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 28. КОЛО

Фудбалерите на Шкендија со нова победа овојпат на гостувањето кај Брегалница (0-1) и дефинитивно останаа единствените предизвикувачи на Струга ТЛ за титулата во Првата македонска фудбалска лига, откако актуелниот шампион Шкупи повторно не стигна до триумф откако ремизираше без голови (0-0) на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш. Во борбата за избегнување на местото кое води во баражот за опстанок Скопје и Академија Пандев одиграа (1-1) во Автокоманда, со што Струмичани пред финишот на сезоната имаат предност пред ривалот. Работнички славеше над „фенерџијата“ Победа, додека Силекс им се врати на победите откако беше подобар од Македонија Ѓорче Петров со 1-0.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Клинсман Цаке (Шкендија)

Шкендија станува сериозен ривал на Струга Трим и Лум за титулата во ПМФЛ. Тетовци по победата над Брегалница (0-1) се само на три бода негатива зад стружани. Херој за избраниците на Ќатип Османи беше Клинсман Цаке кој го постигна победничкиот погодок во 65. минута.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Шкендија)
Брегалница важи за незгоден тим, екипа која може секого да победи, и се покажало дека знае да изненади и кога игра со водечките. Сепак, не беше така и во дуелот со Шкендија. Тетовци мотивирани влегоа во мечот, и го добија 0-1, што на крајот за момците на Ќатим Османи знаечеше само три негатива зад лидерот Струга ТЛ.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Клисман Цаке (Шкендија)

Шкендија станува сериозен ривал на Струга Трим и Лум за титулата во ПМФЛ. Тетовци по победата над Брегалница (0-1), a голот беше дело на феноменалниот Клисман Цаке.

 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ФОТО НА КОЛОТО: Срцето пумпа надеж за појак во наредна борба! 

 

Се вчитува...