ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Шкендија во „пол-позиција“ пред последното коло од есенскиот дел во ПМФЛ

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 17. КОЛО

Најтрофејниот македонски клуб Вардар повторно не успеа да стигне до победа во домашниот шампионат откако ремизираше на домашен терен против „фенерџијата“ Тиквеш со 1-1. одека Гостивар одигра без голови 0-0 против Пелистер. Струга со минимални 0-1 беше подобра од Тиквеш, додека Воска Спорт го изненади Шкупи на домашен терен 3-1. Пред последното коло од есенскиот дел во пол-позиција е Шкендија која денеска минимално славеше на гостински терен против Воска со 0-1. Во дербито на рундата Гостивар и Силекс во Маџари одиграа без голови 0-0. Работнички славеше над АП Брера со 1-3, додека со истиот резултат, но на домашен терен Шкупи беше подобар од шампионот Струга ТЛ. Колото го комплетираше победата на Пелистер на домашен терен против Беса од 1-0.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО:  Бесир Демири (Работнички) 

Работнички одигра одличен меч на гостувањето кај АП Брера на кој славеше со убедливи 1-3. Најголем виновник за одличната игра на гостите беше Бесир Демири кој одличната партија ја круниса и со прекрасен гол со ножички.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ердем Алпарслан (Шкупи)
Шкупи на неверојатен начин излезе од резултатска криза во која забележа пет порази во низа со триумф на домашен терен над актуелниот шампион Струга ТЛ со 3-1. Стратегот на чаирчани одлично го подготви мечот и повеќе од заслужено го добива епитетот тренер на 17. рунда во ПМФЛ.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Роџерс Мато (АП Брера) 

Фудбалерите на АП Брера одиграа уште еден слаб натпревар оваа есен во Првата македонска фудбалска лига откако загубија на домашен терен од Работнички со 1-3. Единствена светла точка на овој меч за струмичани беше голот на Роџерс Мато кој заслужено е избран за најубав на колото.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...