ПРВА ЛИГА – ПОД ЛУПА: Шкупи ги мести „коцките“, Шкендија се враќа во игра…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 9. КОЛО

Шкендија се поочигледно се враќа во игра во трката за шампионската титула сезонава. Се чини тетовци полека го наоѓаат патот за приклучок на врвот, со оглед и на максимално израмнетата лига во која Шкупи ги мести коцките за подолготрајно запоседнување на лидерската позиција. Две победи во две едноподруго дерби-пресметки е добра основа за победничко продолжување на тимот на Гоце Седлоски до крајот на есента.

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Сидрит Гури (Шкендија)

Најновата аквизиција на актуелниот шампион на Македонија веднаш ја покажа својата класа. По доаѓањето од белгиски Остенде, Гури покажа дека може да биде еден од клучните играчи на тетовци во борбата за одбрана на титулата. Со два гола против Борец беше главниот кривец за лесниот триумф на Шкендија.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)

Седлоски продолжува одлично да го води Шкупи во новата сезона. Два дерби натпревари во две кола и две победи против Ак. Пандев и Работнички се доволни за избивање на првото место во ПМФЛ.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Љупче Дориев (Шкендија)

Дориев со убав погодок со шут од околу 20 метри ја најави победата на Шкендија над Борец.


========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: „Лавовите“ не дозволија нова победа на Ренова

ТАБЕЛА – 9. КОЛО

Се вчитува...