Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
======================================================================================
ТИМ НА 19. КОЛО
Шкупи и Шкендија победнички ја почнаа пролетната сезона веднаш потврдувајќи дека ќе се клучните две екипи во трката за шампионската титула. Факт е дека чаирчани имаат и тоа како сериозна бодовна предност која тешко се стигнува, но Шкендија со играта против Струга ТЛ покажа дека и тоа како ќе се обиде да го загрози првото место на Шкупи. Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски со пораз ја почна одисејата на клупата на Брегалница. Факт е дека Брегалница имаше повеќе од желбата и иницијативата за триумф, но на крајот мораше да и честита на Ренова, во голема мера и поради сопствените грешки. Работнички извојува значајна победа на тешкото гостување против Пелистер во Битола, како и Македонија ЃП која славеше против Тиквеш.
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Сандеј Адетунџи (Шкупи)
Уште еднаш е спасителот на Шкупи. Во израмнет натпревар во кој триумфот „висеше“ за чаирчани, Сандеј Адетунџи искористувајќи ги индивидуалните квалитети со два гола донесе повеќе од значајна победа за одржување на предноста на врвот од табелата.
===================================================================================
ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)
Успеа да ја добие дерби-пресметката против Академија Пандев. Во дуелот на двете првопласирани екипи, на крај Седлоски победник затоа што резултатот е најважен, иако се чини за играта има и што да им укаже на неговите избраници. „Пандевци“ и тоа како беа рамноправни на терен, и со повеќе поконкретни можности во првиот дел.
=======================================================================================
ГОЛ НА КОЛОТО: Сандеј Адетунџи (Шкупи)
Уште една мајсторија на најдобриот офанзивец на чаирчани. Експресно мина покрај одбраната на струмичани постигнувајќи убав погодок за победа од 2-1.
View this post on Instagram
========================================================================================
ТРАГИЧАР НА КОЛОТО – Давид Денковски (Брегалница)
Без сомнение трагичарот на колото на стартот од пролетната сезона. Имаше катастрофално лоша реакција на дуелот со Ренова дозволувајќи погодок на гостите во раната фаза од мечот со кој се промени целиот тек на натпреварот. На крајот Брегалница го загуби дуелот со „гипсарите“.
========================================================================================
ФОТО НА КОЛОТО: Фати го кучето….
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА