ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Шкупи „прокоцка“ уште една „лидерска топка“

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 21. КОЛО

Шкупи и Академија Пандев во Кичево одиграа натпревар за паметење. Шест гола, спорни ситуации и на крајот реми 3-3 кое најреално ги отслика случувањата во мечот од 21. рунда во Првата македонска фудбалска лига. Работнички на крилата на Крсте Велкоски кој постигна хет-трик го понижи Скопје (4-0), пораз кој значеше најверојатно и крај за Славчо Георгиевски Тупан на клупата на прволигашот од Автокоманда. Македонија ЃП одигра домантно на домашен терен против Тиквеш (3-0), додека Силекс покажа вистинска сила на гостувањето во Прилеп кај Победа (1-4). Мрежите мируваа единствено на мечот меѓу Брегалница и Шкендија (0-0), додека лидерот Струга Трим и Лум беше слободна во оваа рунда.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Крсте Велкоски (Работнички)

Работнички покажа вистинска сила на мечот против Скопје кој заврши со победа на домаќините од 4-0. Главен виновник за оваа убедлива победа беше Крсте Велкоски кој постигна хет-трик и повеќе од заслужено го доби епитетот играч на 21. рунда во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Муарем Бајрами (Македонија ЃП)

Македонија Ѓорче Петров го одигра веројатно и најдобриот натпревар сезонава во Првата македонска фудбалска лига откако на домашен терен во 21. коло го декласираше Тиквеш со 3-0. Муарем Бајрами одлично го постави натпреварот и со право го доби епитетот тренер на колото.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Ване Крстевски (Академија Пандев)  

Шкупи и Академија Пандев во Кичево одиграа натпревар за паметење. Шест гола, спорни ситуации и на крајот реми 3-3 кое најреално ги отслика случувањата во мечот од 21. рунда во Првата македонска фудбалска лига. Првиот погодок на „пандевци“ беше вистинска мајсторија на Ване Крстевски кој одличната соло акција ја заврши со прекрасен удар на првата статива на голот на Кристијан Наумовски.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

Се вчитува...