Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
ТИМ НА 11. КОЛО
Актуелниот шампион Шкупи и го нанесе на Струга Трим и Лум првиот пораз сезонава откако вчера во дербито на 11. рунда во Првата македонска фудбалска лига славеше на домашен терен со минимални 1-0. Шкупи до победата стигна со погодокот на Алварез кој беше во најмала рака спорен, бидејќи беше досуден пенал за чаирчани иако можеби имаше фаул над голманот над Струга Ќосевски. Тој по дуелот со Адетунџи го заврши натпреварот, а стружани веројатно до крајот на годинава веќе нема да може да сметаат на својот голман. Александар Васоски се уште нема триумф во ПМФЛ по неговото враќање во Академија Пандев. Иако струмичани веруваа дека со неговото доаѓање ќе ја вратат формата од финишот на минатата сезона кога беа предводени од Ѓорѓе Стојчев, сепак тоа не се случи. Популарниот „тетовче“ не успеа да триумфира ниту против Победа во Прилеп, а по неговото доаѓање на четири натпревари има скор од три порази и едно реми. Силекс стигна до нова голема победа откако славеше на гостувањето кај Брегалница со 2-3. Шкендија и со два фудбалери помалку беше сигурна против Работнички со 2-4, додека Македонија ЃП очекувано славеше против Скопје со 2-0.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Марјан Ристовски (Силекс)
Марјан Ристовски е нашиот избор за играч на 11. коло во ПМФЛ. Одличниот напаѓач го постигна победничкиот погодок за кратовци во 75. минута и тоа на неверојатен начин.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Шкупи)
Актуелниот шампион Шкупи и го нанесе на Струга Трим и Лум првиот пораз сезонава откако вчера во дербито на 11. рунда во Првата македонска фудбалска лига славеше на домашен терен со минимални 1-0. Шкупи до победата стигна со погодокот на Алварез кој беше во најмала рака спорен, бидејќи беше досуден пенал за чаирчани иако можеби имаше фаул над голманот над Струга Ќосевски. Но, оваа ситуација не ја менува одличната поставеност на Седлоски кој успеа да го надитри својот колега Захариевски.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Адама Самаке (Македонија ЃП)
Македонија Ѓорче Петров очекувано стигна до победа на домашен терен против „фенерџијата“ Скопје со 2-0. Натпреварот го одбележа феноменалниот гол на Адама Самаке кој заслужено е избран за најдобар, во рундата која изобилуваше со „евроголови“.
View this post on Instagram
=================================
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
==================================
ФОТО НА КОЛОТО: Кој кого фаулираше?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА