ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Шкупи се врати на шампионските патеки

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 9. КОЛО

Шкупи полека, но сигурно фаќа шампионски залет откако славеше на домашен терен во дербито на 9. рунда против Струга Трим Лум со 2-0. Феноменален на овој меч беше Арби Воша кој беше најзаслужен за сигурниот триумф на чаирчани. Шкендија успеа во финишот да извлече само реми против Гостивар. Брегалница и Вардар одиграа без голови во Штип, а Работнички славеше со минимални 1-0 против Тиквеш. До нова победа стигна и Силекс кој беше сигурен против Воска (4-2), а лошата серија на АП Брера продолжи со саботниот пораз на гостувањето кај Македонија ЃП (1-0).

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Арби Воша (Шкупи) 

Шкупи полека, но сигурно фаќа шампионски залет откако славеше на домашен терен во дербито на 9. рунда против Струга Трим Лум со 2-0. Феноменален на овој меч беше Арби Воша кој беше најзаслужен за сигурниот триумф на чаирчани.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Младен Жижовиќ (Шкупи)
Младен Жижовиќ на кормилото на Шкупи реди само победи. Во 9. рунда успеа без поголеми проблеми да слави и против актуелниот шампион Струга и со тоа да го одведе клубот од скопската населба до врвот на табелата во ПМФЛ. ==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Арби Воша (Шкупи) 

Арби Воша беше најзаслужен за големиот триумф на Шкупи во дербито против Струга ТЛ од 2-0. Одличната партија Воша ја заокружи со убав погодокот во финишот на натпреварот.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

ФОТО НА КОЛОТО: Во Чаир замирисува на титула 

Се вчитува...