Прва лига – ПОД ЛУПА: Силекс го „здроби“ Вардар, се во знакот на Ристов…, Работнички ќе брка европски излез

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 26. КОЛО

=====================================================================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Денис Ристов (Силекс)

Најдобрата партија на Денис Ристов во дресот на Силекс. Одигра феноменално прво полувреме низ кое го поведе својот тим до повеќе од посакуваната победа против Вардар во битката за опстанок во прволигашката конкуренција.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Горан Симов (Силекс)

По пласманот во финалето од Купот на Македонија, сега носи силна мотивација за своите фудбалери и во битката за опстанок во лигата. Беспрекорен натпревар на Силекс кој, за многумина неочекувано, убедливо славеше против Вардар.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Денис Ристов (Силекс)

Уште во 3. минута ја најави победата на Силекс против Вардар. И сето тоа го најави со спектакуларен гол од слободен удар.

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Многу борба на „Тодор Проески“ – Работнички подобар

Се вчитува...