ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Силекс и Струга ТЛ остануваат перфектни, Вардар и Шкендија ги следат во чекор

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 5. КОЛО

Поранешните шампиони Струга Трим Лум и Силекс остануваат единствените две екипи кои и по пет кола се со максимален учинок во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен стигнаа до сигурна победа против Работнички, додека Струга Трим Лум го прегази со 3-0 Тиквеш исто така на домашен терен. Вардар и Шкендија продолжуваат да го следат водечкото дуо. Вардарци во градското дерби славеа против Македонија ЃП со минимални 1-0, додека Шкендија беше подобра од Башкими со 2-1. АП Брера славеше со минимални 1-0 против Шкупи, додека Арсими полесно од очекуваното во Битола го совлада Пелистер со 0-4.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО:  Басиру Компаоре (Струга ТЛ)

Струга ТЛ останува еден од двата тима со максимален учинок по пет коло во Првата македонска фудбалска лига. Стружани славеа рутински со 3-0 против Тиквеш, а прво име во победничкиот табор беше Басиру Компаоре. Тој постигна два гола на овој меч и стигна до бројката од седум на стартот од сезоната по само пет одиграни меча.

================================

 

 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу (Арсими)

Екипата на Арсими стигна до најголемата победа во историјата на клубот во дебитантското учество во елитата. Тие го прегазија Пелистер со 0-4 среде Битола, а дефинитивно најголем виновник за тоа е тренерот Вилдан Салиу. Одлично го подготви овој меч во кој тотално го надигра својот соперник на спротивната страна, па затоа заслужено е избран за тренер на рундата во ПМФЛ.

==============================

 

 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 5. КОЛО:

Се вчитува...