ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Силекс од врвот ќе ја стартува пролетта, заедно со Шкендија и Работнички

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 18. КОЛО

Четири екипи се бореа, на крајот Силекс како првопласиран. И тоа благодарение на подобрата гол разлика. Кратовци го победија тимот на Вардар, и го презедоа лидерското место, и на него ќе биде до февруари, кога почнува пролетниот дел од сезоната. Кратовци завршија на крајот пред Шкендија и пред Работнички со ист број на бодови. Гостивар, пак, заостанува само два бода, и тука се најавува жешка фудбалска пролет. Силекс го совлада Вардар со 1-0 со голот на Ефтимов, и го искористи ремито без голови во Тетово помеѓу Шкендија и Гостивар. Работнички, пак, со 3-0 го совлада Пелистер. Полесно од очекувањата „романтичарите“ дојдоа до нова победа, а на овој меч „блескаше“ тандемот Мазари – Регба. Жешко ќе биде и на дното. Струга ТЛ може да се врати во игра за одбрана на тронот со добра серија, со оглед дека не заостанува многу. Последнопласирана е Воска која освои и повеќе бодови од очекуваното, додека Вардар ќе мора да први голем зимски ремонт ако сака да се спаси од најлошото. Тиквеш ја совлада Брера, па избега од дното, a во битка за опстанок се уште и Беса, АП Брера, па и Пелистер. Шкупи е засега на „златната средина“. Треба да се напомене дека по ова последно есенско коло од судењето се прости Александар Ставрев, еден од најдобрите судии од осамостојувањето на Македонија.

 

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО:  Атхе Мазари (Работнички) 

Два гола против Пелистер за победа на Работнички и ист број на бодови со првопласираниот. Атхе Мазари со овие два, стигна до бројката шест и се вмеша на врвот во листата на стрелците. Едниот го постигна со волеј од 22-23 метри, додека вториот по асистенција на Регба.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)
Силекс против себе го имаше Вардар, кој се бореше жестоко за бодовите, но не успеа. Силекс добар дел од мечот играше и со играч помалку, потоа кога силите беа израмнети, одново им беше исклучен играч, па така и со тој хендикеп кратовци го победија Вардар. За оваа победа и за првото место на табелата, Александар Васоски го понесе епитетот тренер на колото.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Атхе Мазари (Работнички)

Уште еден супер натпревар за Атхе Мазари во ПМФЛ, и прекрасен прв гол со кој го отвори дуелот со Пелистер. Мазари со волеј од 22-23 метри го совлада Петровски и донесе предност за својот тим.

 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...