Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 14. КОЛО
Со триумфот на Струга над Работнички, нема повеќе непоразени екипи. Шампионот го најде „лекот“ за првопласираниот, па го смени од лидерската позиција на табелата каде што има вистинска мешаница. Струга ТЛ се враќа, Ќатип Османи полека ја консолидира екипата за битката за одбрана на тронот, но сега конкуренцијата е поголема. А, од неа излезе Шкупи, со оглед дека чаирчани играат сезона под очекувањата. И до некаде се очекуваше такво нешто, со оглед на промените во тимот, и новите засилувања кои беа донесени, но никако не се очекуваше дека Шкупи нема да биде чекор со водечките согласно најавите од почетокот на сезоната. Голот на Вардар за победа е веројатно офсајд, па Шкупи така оштетен се закани дека дури и со напуштање на првенството. Наводно сопственикот им сугерирал уште на полувреме да го напуштат теренот, но јасно е дека тоа ќе донесеше дополнителни проблеми и суспензии. Како така, Вардар со Седлоски почна да победува, но за опстанок потребно е да продолжи победничката серија. Кај Тиквеш ништо ново – нема дадено гол, овој пат не прими за ново „реми“. Силекс стандарно, на свој терен го победи Пелистер и го „спушти на земја“ после онаа еуфорија по победата над Вардар. Гостивар убедливо ја совлада Беса со 4-0. Беса дојде да гостува кај Гостивар по тренерската смена.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Горан Закариќ (Вардар)
Играчот на Вардар учествуваше во акциите за сите три гола против Шкупи, па затоа е прогласен за играч на натпреварот. Првиот го постигна, за вториот нафрли по кој падна голот на Николовски, а потоа истото сценарио и за третиот, победнички гол, за кои гостите тврдат дека е од офсајд.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Струга ТЛ)
Ќатип Османи е првиот тренер кој сезонава успеа да го победи тимот на Работнички. Трофејниот тренер, конечно, го најде лекот за „романтичарите“ и ги симна од врвот. Инаку Работнички речиси и да немаше шанса на овој меч, додека Струга ТЛ, пак, имаше уште неколку прилики да дојде до поубедлив триумф.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Дарко Додев (Силекс)
Силекс славеше победа над Пелистер, благодарение на голот на Дарко Додев. Играчот на кратовскиот тим постигна прекрасен погодок во дуелот со битолчани, и го понесе епитетот за „гол на колото“.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА