Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 1. КОЛО
Старт согласно очекувањата, без апсолутно никакви изненадувања што се однесува околу предвидувања, на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Уште првото натпреварувачко коло отворено покажа дека Шкендија, Вардар, Силекс и Струга ТЛ ќе бидат екипите кои ќе се борат за шампионската круна и за местата кои водат на европската сцена. Без изненадувања!
Очигледна е доминацијата на овие четири екипи, иако се одиграни само 90 минути кои и не мора да бидат вистинскиот показател. Но, како и да е, јасно покажуваат и кои екипи ќе се борат за опстанокот во шампионатот. Една од нив дефинитивно е Шкупи, некогашниот македонски шампион кој сега со новите сопственици и постановка е очигледен срам за чаирчани. Тоа отворено го демонстрираа и најверните навивачи кои предвреме си заминаа од натпреварот во Тетово на кој Шкупи доживеа вистински дебакл.
Да, стартот на сезоната мина и без постојаните поплаки кон судењето препознатливо изминативе години. ВАР-системот стартуваше и во Македонија!

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Димитар Данев (Вардар)
Првото коло во елитниот фудбал, дефинитивно на сцена го исфрли новиот бисер на македонскиот фудбал 19-годишниот нов вардаров фудбалер Димитар Данев. Крилниот офанзивец уште на стартот го демонстрираше својот огромен потенцијал, јасно покажувајќи дека ќе биде големо засилување за црвено-црните во новата сезона. Данев можеби е и симбол-демонстратор за тоа дека клубовите треба да имаат далеку поголема верба во младиот македонски потенцијал, во однос на подпросечните странци кои се носат!
================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)
Вардар ја продолжи серијата без пораз на домашната сцена, по онаа успешна пролетна полусезона. Гоце Седлоски лесно и убедливо го доби вечното-дерби на Македонија, кое е секогаш тешко да се игра. Но, Вардар демонстрираше квалитет со кој само ги потврди амбиции за битка за шампионската титула во новата сезона.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Роџерс Мато (Вардар)
Роџерс Мато, без сомнение, го запиша потегот на колот на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Мато на неверојатен начин го лобуваше голманот на Пелистер во убедливата победа на Вардар од 4-1 против битолчани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
