ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Струга го освои и Тетово, Скопје си закажа бараж со Вардар

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 32. КОЛО

Фудбалерите на Струга Трим и Лум со стил ја прослави титулата во ПМФЛ откако славеше во дербито против Шкендија со 1-2. Натпреварот дефинитивно го одбележа Буњамин Шабани кој постигна два гола. Поразот на Шкендија го искористи Шкупи кој со победа над Македонија ЃП го осигура второто место на првенствената табела пред последната рунда. Скопје со поразот од 4-0 од Тиквеш си закажа бараж со Вардар за опстанок во првата лига, додека Академија Пандев со ремито на гостувањето кај Брегалница (1-1) осигура уште една елитна фудбалска сезона. Во натпревар без никакво резултатско значење Силекс на домашен терен славеше над Работнички со 2-0.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Буњамин Шабани (Струга ТЛ)

Струга Трим и Лум со стил ја прослави титулата во ПМФЛ откако славеше во дербито против Шкендија со 1-2. Натпреварот дефинитивно го одбележа Буњамин Шабани кој постигна два гола.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Шкендија)
Струга Трим и Лум на одличен начин ја прослави титуалта во ПМФЛ со победа на гостувањето кај Шкендија со 1-2. Шпетим Дуро одлично го подготви својот тим и стигна до голема победа против тетовскиот ривал.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Давид Манасиевски (Силекс)

Фудбалерите на Силекс славеа на домашен терен против Работнички со 2-0, а дефинитивно натпреварот го одбележа Давид Манасиевски кој можеби го постигна и голот на сезоната во ПМФЛ.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

Се вчитува...