Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
====================================
ТИМ НА 3. КОЛО
Шкендија славеше во дерби натпреварот од 3. коло во Првата македонска фудбалска лига на гостувањето кај Академија Пандев со 0-1. Тетовци стигнаа до големи три бода на гостувањето во Струмица и покажаа дека годинава ќе биде сериозен кандидат за освојувањето на титулата во домашниот шампионат. Струга Трим и Љум продолжува со одличните игри на стартот на новата сезона. Стружани се најпријатното изненадување откако по три рунди имаат максимален учинок и се на врвот на првенствената табела. Срѓан Захариевски уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите тренери во Македонија. Одличен старт има и повратникот во елитата Силекс. Кратовчани го декласираа Силекс и во моменов се втори со два бода помалку од лидерот Струга. Веќе по три натпревари почна да се тресе столицата на Бабунски во Победа и Марковски во Работнички. И двата тима се без освоен бод, а првите три натпревари ги губеа и полесно од очекуваното па по се изгледа до крајот ќе ги чека голема борба за опстанок.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Сефер Емини (Македонија ЃП)
Сефер Емини на најдобар можен начин се прости од Македонија Ѓорче Петров, откако на последниот натпревар пред неговото заминување во дански Сондерјиске постигна два гола во убедливата победа од 4-1 над Победа. Емини продолжува со интернационална кариера, а „лавовите“ и годинава ќе бидат едни од кандидатите за место во Европа.
================================
ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Артим Шаќири (Шкендија)
Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија, Артим Шаќири и тоа како го препороди тимот од Тетово. Несреќната елиминација во Европа беше само доказ дека тетовци годинава и тоа како ќе бидат озбилен тим и дека предводени од Артим Шаќири имаат потенцијал за освојување и на шампионскиот трофеј, а тоа го покажаа и во триумфот во дербито против Академија Пандев од 0-1.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Горан Силјановски (Брегалница)
Брегалница одигра реми на гостувањето кај Тиквеш (1-1) во дербито на истокот во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот го отвори Горан Силјановски кој со вистински еврогол донесе водство од 0-1 за штипјани.
View this post on Instagram
=================================
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
==================================
ФОТО НА КОЛОТО: Мојсов „поцрвене“ во своето Кавадарци
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА