Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
ТИМ НА 22. КОЛО
Фудбалерите на Струга Трим и Лум веќе се сериозни кандидати за освојување на титулата во Првата фудбалска македонска лига откако во дербито на 22. коло на домашен терен славеа над актуелниот шампион Шкупи со 2-1. Шпетим Дуро на најдобар можен начин го имаше своето деби на клупата на стружани, а тимот од градот во југозападна Македонија е на само 11 натпревари од испишување историја. По воведните два триумфуа оваа пролет, реалноста го стигна Силекс кој сепак е далеку од борба за титулата, откако загуби на домашен терен од Брегалница со 1-2. Мирсад Јонуз на своето деби во Скопје успеа да извлече бод против Македонија Ѓорче Петров (1-1). Шкендија без проблеми славеше над Работнички 3-1, а мизеријата на Победа продолжува, откако Академија Пандев рутински ја совлада со 3-0.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Буњамин Шабани (Струга ТЛ)
Фудбалерите на Струга Трим и Лум веќе се сериозни кандидати за освојување на титулата во Првата фудбалска македонска лига откако во дербито на 22. коло на домашен терен славеа над актуелниот шампион Шкупи со 2-1. Еден од најзаслужните за победата на стружани беше искусниот Буњамин Шабани кој одигра уште еден натпревар на високо ниво, а беше и стрелец на првиот погодок за својот тим.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Шпетим Дуро (Струга ТЛ)
Фудбалерите на Струга Трим и Лум веќе се сериозни кандидати за освојување на титулата во Првата фудбалска македонска лига откако во дербито на 22. коло на домашен терен славеа над актуелниот шампион Шкупи со 2-1. Шпетим Дуро на најдобар можен начин го имаше своето деби на клупата на стружани со победа над единствениот ривал за освојување на титулата.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Мартин Ѓоргиевски (Академија Пандев)
Академија Пандев продолжува со одличните игри оваа пролет. Следна на менито на струмичани беше прилепска Победа која ја совладаа со убедливи 3-0, а се почна со прекрасниот погодок на Мартин Ѓоргиевски на самиот старт на мечот.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА