ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Силекс преку „големите“ кон Европа, тешка битка вардарова…

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 14. КОЛО

Неверојатни и крајно возбудливи натпревари ни донесе 14. рунда во Првата македонска фудбалска лига. Најтрофејниот клуб Вардар е во многу лоша ситуација и шансите за опстанок во ПМФЛ веќе се сведени на минимум по поразот на домашен терен од директниот конкурент Воска со 1-2. Шкендија триумфираше над Тиквеш со минимални 1-0 и со тоа го искористи поразот на Шкупи кој загуби на гостувањето кај Силекс (2-1) и се израмни на врвот на табелата со 28 бода. Силекс со уште една победа против водечките на домашен терен, по онаа претходната над Шкендија, јасно потврди дека сезонава и тоа како гаи европски амбиции. Во „скопскиот класик“ Работнички славеше со 0-1 на гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров. Во останатите мечеви АП Брера конечно славеше и тоа против шампионот Струга (2-1), додека Гостивар го зеде скалпот и на Брегалница (1-0).

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Aлен Јашароски (Воска)

Воска ја продолжи мизеријата на најтрофејниот клуб Вардар совладувајќи го на гостински терен со 1-2. Токму Ален Јашароски ги постигна двата гола на овој меч за охридскиот клуб, па затоа и повеќе од заслужено го добива епитетот играч на колото.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михаилов (Силекс)
Силекс продолжува со одличните игри сезонава, откако во кратово падна и фаворизираниот Шкупи (2-1). Дефинитивно Горазд Михаилов се истакнува како еден од најдобрите стратези во ПМФЛ кој е можеби и најголемиот виновник за одличните резултати на кратовскиот тим.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Ијаји Атиетвен (Гостивар) 

Гостивар ја продолжи агонијата на Брегалница совладувајќи ја на домашен терен со 1-0. Стрелец на победничкиот погодок за гостиварци беше Ијаји Атиетвен чиј погодок беше вистинска убавица.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

ФОТО НА КОЛОТО: Тешка битка вардарова…

Се вчитува...