Прва лига – ПОД ЛУПА: Тим на колото, играч, гол, трагичар, спорен момент и тренер-прагматичар!

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

  • ТИМ НА 11. КОЛО

=====================================================================================

  • ИГРАЧ НА КОЛОТО

=====================================================================================

  • ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Горазд МИХАИЛОВ (БОРЕЦ)

    Стратегот на велешани успеа од тим кој што се бореше за опстанок во минатиот шампионат, трпеливо но мудро да склопи одлична екипа која сега веќе е со сериозни амбиции и за европски излез. Одлично тактички подготвен меч против Пелистер и рутинската победа за продолжување на неприкосновеноста на Борец на домашен терен.

=======================================================================================

  • ТРАГИЧАР НА КОЛОTO: Урош ЃУРИЌ (СТРУГА ТЛ)

    – Струга ТЛ беше на само еден удар од освојување на нови три бода. Сепак, огромната грешка на голманот на стружани по слободниот удар на Дејан Блажевски во 96. минута, доведоа Вардар да успее да освои бод во Струга.


=======================================================================================

  • ГОЛ НА КОЛОТО: Клисман ЦАКЕ (СТРУГА ТЛ)

    – Фудбалерот на Струга ТЛ веројатно го постигна не само најубавиот гол во колото, туку гол кој ќе биде во најтесниот круг за гол на сезоната во ПМФЛ. Прекрасен еврогол во 27. минута со кој стружани дојдоа до водство од 2-0 на натпреварот против Вардар во 11. коло.


=======================================================================================

  • СПОРЕН МОМЕНТ: Пенал или не за Шкендија?

Шкендија сосема заслужено дојде до победа од 1-3 против Ренова во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Иако, останува сомнителен моментот од 83. минута кога беше досуден пенал врз Тотре, кој успешно го реализираше Бесарт Ибраими. Се чини немаше елементи за најстрога казна!?


======================================================================================

  • ФОТО НА КОЛОТО: Ах, Уроше, Уроше…

Голманот на стружани не можеше да верува што се случи во 96. минута на натпреварот против Вардар.

Се вчитува...