ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Триото на врвот ја продолжува битката за титулата, големи проблеми за Работнички

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 25. КОЛО

Првото коло по мартовската ререзентативна пауза донесе многу возбудувања во Првата македонска фудбалска лига. Триото кое што  се бори за титулата (Струга, Шкупи, Шкендија) стигна до сигурни победи во 25. рунда. Актуелниот шампион Струга ТЛ во езерското дерби без поголеми проблеми славеше над Воска со 3-1. Во скопското дерби пак, Шкупи на Чаир беше убедлив (3-0) против Вардар. Шкендија исто така стигна до рутински триумф над Брегалница (4-1). Работнички дефинитивно има големи проблеми, откако вчера доживеа нов пораз (2-1) на гостувањето кај АП Брера, по што столчето на Гоце Седлоски и тоа како се „ниша“, бидејќи тимот од Дебар маало сега е во незавидна позиција кога е во прашање опстанокот во ПМФЛ. Македонија ЃП стигна до изненадувачка победа над Гостивар 1-4, додека Тиквеш и Силекс ремизираа 1-1.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Струга ТЛ) 

Актуелниот шампион Струга ТЛ во езерското дерби без поголеми проблеми славеше над Воска со 3-1. Повторно како и многу пати досега главен виновник за одличните резултати на стружани беше Бесарт Ибраими кој беше стрелец на два гола на овој меч.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП стигна до изненадувачка победа над Гостивар 1-4 и со тоа некако ја врати надежта дека може да обезбеди опстанок сезонава во ПМФЛ. Бобан Грнчаров по доаѓањето на клупата на скопскиот клуб донесе свежина и сега веќе опстанокот делува како реална можност.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Ремзифаик Селмани (Брегалница)

Фудбалерите на Брегалница доживеаја нов пораз сезонава во ПМФЛ откако загубија на гостувањето кај Шкендија со 4-1. Единствен момент на мечот од кој штипјани треба да бидат задоволни е прекрасниот гол на Селмани кој и дефинитивно заслужи да го добие епитетот гол на рундата во македонскиот шампионат.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...