ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Трка во „тројка“ за титулата, но и за опстанок

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 21. КОЛО

21. рунда во Првата македонска фудбалска лига веројатно беше една од најинтересната и најдинамична во оваа кампања. Натпреварот кој некогаш беше дерби за титула, сега Шкендија го доби без поголеми проблеми на домашен терен против Вардар со 3-0. Ералдо Чинари со два гола ги водеше тетовци кон победа која ги донесе на само минус еден од првопласираниот Шкупи кој на домашен терен остана без муниција против Тиквеш (0-0). Без голови одигра и Струга ТЛ на гостувањето кај Силекс во меч кој ни донесе интересна ситуација. По нафрлувањето од слободен удар од десната страна, фудбалерите на Струга ТЛ постигнаа гол за водство од 0-1. Но, главниот судија се одлучи да не го признае голот и да досуди пенал за гостите кој на крајот не успеа да го искористи Згуро. Божиновски му го одбрани пеналот, а потоа влезе Џеков, кој исто така го спасуваше Силекс. Работнички ја совлада Брегалница со 2-0, а натпреварот го одбележа неверојатниот погодок на Гандо Биала со „ножички“. Со истиот резултат триумфираше Гостивар над АП Брера, додека деби победа на клупата на Воска имаше Срѓан Захариевски кој со својот тим славеше на гостувањето кај Македонија ЃП (1-2), која го забележа и третиот пораз оваа пролет, и сега се длабоко влезени во опасната зона.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Eралдо Чинари (Шкендија) 

Натпреварот кој некогаш беше дерби за титула, сега Шкендија го доби без поголеми проблеми на домашен терен против Вардар со 3-0. Ералдо Чинари со два гола ги водеше тетовци кон победа која ги донесе на само минус еден од првопласираниот Шкупи.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)
Тиквеш повторно одигра неверојатен натпревар во домашното првенство. Ѓорѓи Мојсов уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите тренери во ПМФЛ откако успеа да му откине два бода на Шкупи среде Чаир.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Гандо Биала (Работнички)

Работнички ја совлада Брегалница со 2-0, а натпреварот го одбележа неверојатниот погодок на Гандо Биала со „ножички“. Биала одлично прифати една топка по нафрлањето од слободен удар од десната страна, и со ножички го совлада поранешниот голман токму на Работнички, Ристе Јанков…

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

ФОТО НА КОЛОТО: ПЕТКА ИЛИ ГЛАВА? 

Се вчитува...