ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Турбуленции во Вардар, Шкендија почна да се издвојува

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 4. КОЛО

Продолжува катастрофалниот старт на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар во новата сезона во ПМФЛ. Вардарци на домашен терен во 4. коло загубија од Воска со 1-3, што доведе до нова смена на тренерската позиција, каде Горан Петрески ќе го замени Срѓан Захариевски. Шкендија е сама на врвот откако во ова коло славеше со 2-0 против Пелистер. Работнички одигра реми без голови 0-0 на гостувњаето кај Беса, додека Струга беше подобра од АП Брера со 2-0, што значеше крај и за тренерот на струмичани Бојан Круљ. Силекс го изненади Шкупи со 2-1, додека Тиквеш и Гостивар одиграа без голови 0-0.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО:  Абдулхади Јахја (Воска)

Вардар доживеа нов пораз сезонава во ПМФЛ на домашен терен од Воска 1-3. Најдобар поединец на мечот беше Абдулхади Јахја кој со гол ја круниса одличната игра, па на крајот и повеќе од заслужено се закити со титулата играч на колото во ПМФЛ.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)

Фудбалерите на Силекс стигнаа до голема победа на домашен терен против Шкупи со 2-1. Тренерот на домашните Александар Васоски одлично го подготви својот тим за овој меч, па на крајот заслужено го добива епитетот тренер на 4. рунда во ПМФЛ.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Марко Ѓорѓиевски (Силекс)

Силекс сосема заслужено дојде до нова победа од 2-1 против Шкупи во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига. А, меѓу најзаслужните за тоа и најдобриот стрелец на кратовци Марко Ѓорѓиевски кој игра во извонредна форма на стартот од сезоната. Ѓорѓиевски постигна извонреден погодок за 2-0 за Силекс, кој, без сомнение, се издвојува и како гол на четвртата рунда натпревари во македонскиот шампионат.

Се вчитува...