ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Вардар го презеде „фенерот“ во ПМФЛ, Работнички повторно пропушти шанса да се одлепи

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 12. КОЛО

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го презеде фенерот во Првата македонска фудбалска лига, откако во 12. коло на домашен терен загуби од АП Брера со минимални 0-1. Горазд Михаилов го совлада својот поранешен клуб и го испрати на дното на табелата. Работнички иако имаше играч повеќе одигра само реми 1-1 на гостувањето кај Силекс. Шкендија славеше на домаешен терен против Беса, додека Гостивар одигра без голови 0-0 против Пелистер. Струга со минимални 0-1 беше подобра од Тиквеш, додека Воска Спорт го изненади Шкупи на домашен терен 3-1.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО:  Aбдулхади Јахја (Воска) 

Воска Спорт го изненади Шкупи на домашен терен 3-1.  Најголем виновник за одличната партија на охриѓани беше Јахја кој феноменалната своја партија ја круниса и со еден погодок.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горазд Михаилов (АП Брера)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар го презеде фенерот во Првата македонска фудбалска лига, откако во 12. коло на домашен терен загуби од АП Брера со минимални 0-1. Горазд Михаилов го совлада својот поранешен клуб и го испрати на дното на табелата. Искусниот стратег одлично го постави својот тим и може да жали што не стигна и до поубедлив триумф.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Али Регба (Работнички) 

Работнички иако имаше играч повеќе одигра само реми 1-1 на гостувањето кај Силекс. Иако не стигнаа до победа, натпреварот за романтичарите го одбележа прекрасниот гол на Али Регба кој заслужено е избран за најдобар на 12. рунда.

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ 

Се вчитува...