ПРВА ЛИГА ПОД ЛУПА: Вардар и Шкендија подзастанаа, Силекс си „гази“

Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

ТИМ НА 3. КОЛО

Оваа рунда натпревари во Првата македонска фудбалска лига го одбележаа неочекувани ремија на двете водечки екипи во трката за шампионската титула сезонава Шкендија и Вардар. Тетовци одиграа без голови со Арсими, а Вардар киксираше со АП Брера која во претходните две кола забележа два порази. Силекс, пак, игра одлично на почетокот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига запоседнувајќи го врвот на табелата со три победи и гол разлика од 11-0. Извонреден старт за составот на Александар Васоски, кој најавува дека оваа година и тоа како има сили да се бори за шампионската круна. Единствена екипа, покрај Силекс, со максимален учинок по првите три кола во ПМФЛ е Струга ТЛ. Понатаму со две победи и реми следат Шкендија, Вардар и Башкими, кој е најпријатното изненадување на стартот демонстрирајќи максимална сериозност на теренот против секој противник. Сосема е јасно дека Шкупи оваа сезона ќе има само статистичка улога во првенството, се чини, иако е се уште рано, без сили да го избегне испаѓањето во понизок ранг на натпревари, а изненадувачки е лошиот старт на Македонија ЃП, тим од кој, без сомнение, се очекува многу повеќе.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО:  Филип Алексовски (Башкими)

Башкими, без сомнение, е најпријатното изненадување на почетокот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Повторно сигурна победа, сега над Тиквеш од 3-1, а најзаслужен за тоа беше Филип Алексовски со два постигнати погодоци за својот тим. Тоа го издвои и како најдобар играч во ова коло од домашниот шампионат.

================================

 

 

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Силекс)

Екипата на Силекс е одлично поставена и водена на почетокот од сезоната во домашниот шампионат. Така беше и ова коло во кое кратовци повторно убедливо со 3-0 славеа против Македонија ЃП. Уште една тактичка одлична постановка на Васоски за нови три бода на неговиот тим.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Роџерс Мато (Вардар)

Вардар киксираше во пресметката против АП Брера, не успевајќи да дојде до победа против аутсајдерот, но како за утеха останува бодот кој дојде по одличниот погодок на Роџерс Мато.

Се вчитува...