Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 7. КОЛО
После одиграни седум кола, Вардар и Струга ТЛ се издвоија на врвот на табелата, со само едно реми и шест победи, додека во чекор ги следат Силекс и Шкендија. Кратовскиот тим доживеа пад во формата. Па така после првите пет импресивни гола и само еден примен гол, во последните две Силекс прими пет, загуби двапати и сега заостана на табелата. Се приметува паѓање на кратовската екипа, која можеше и добро да помине со Струга ТЛ на домашен терен. На 1-2 имаше неколку зицери за израмнување, но откако не успеа, беше жестоко казнета. Струга ТЛ со три прекрасни гола дојде до победата. Особено оној на Хамза беше импресивен. Вардар со 3-1 го совлада тимот на Работнички, кој и натаму мака мачи да го пронајде вистинскиот ритам кој ќе го извлече од долниот дел на табелата. Ќе се зборува многу за израмнувачкиот гол на „црвено-црните“ од сомнитечен пенал. Дел од балканските медиуми веќе пишуваа за спорниот досуден удар од 11 метри, а кој беше потврден од ВАР судиите. Подоцна играчот кој играше со рака доби и црвен картон, што му ја олесни задачата на Вардар, а го вовлече во проблем тимот на Работнички. Ништо ново од тимот на Шкупи сезонава. Нов пораз, прв на домашен терен, ама вистинскиот домашен терен на Чаир. Само што ги средија проблемите со стадионот, не успеаја да ги средат и оние во екипата. На чаирскиот прволигаш му се заканува испаѓање, ако не преземе некои драстични чекори во зимскиот преоден рок. Очигледно е дека оваа екипа нема сила за добри резултати. Башкими е дефинитивно хитот на досегашниот тек од сезоната. Екипата од Куманово славеше и во Битола, на гостувањето кај Пелистер, кој има голема резултатска криза и четири порази по ред. Очигледно е дека битолскиот тим никако не може да се „разбуди“ после шокантните 0-4 од Арсими на домашен терен. Два гола за Башкими постигна Недим Аџиќ, кој го понесе епитетот играч на седмото коло, а голманот Јашар одбрани пенал на Пелистер при 1-2, и така беше еден од заслужните за победата. Брера успева да се одржи во живот, и да дојде до вториот триумф во сезоната. Совладан е тимот на Арсими на домашен терен, триумф со кој струмичкиот тим избега од опасната зона. Во последните пет кола, овој тим има само еден пораз. Шкендија со само еден гол успеа да дојде до трите бода против Тиквеш. Кавадаречкиот тим и покрај организациски проблеми и „бегањето“ на спонзорот, на теренот успешно се справи, па имаше неколку зицери. Но, Шкендија го имаше на голот расположениот Гаје, кој со неколку добри интервенции беше креатор на оваа победа.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Недим Хаџиќ (Башкими)

Голгетерот на Башкими сам го победи тимот на Пелистер. Со два гола во Битола, придонесе неговиот тим да слави голем триумф. Дефинитивно кумановскиот тим е најголемиот хит во досегашниот тек на сезоната, а Хаџиќ покажува дека е големо засилување за „зелено-црните“ со овие два гола.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Бледи Шкемби (Струга ТЛ)
Струга ТЛ победи во Кратово, и тоа со дадени три гола. До овој меч Силекс на домашен терен имаше примено само еден гол, а стружани успеаја со три убави гола да ги освојат бодовите. Тимот на Бледи Шкемби имаше проблеми на почетокот на вториот дел да се одбранат, но откако успеаја да се ослободат од притисокот, на крајот постигнаа и трет гол и го решија победникот.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Меметриза Хамза (Струга ТЛ)
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 7. КОЛО:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
