Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
======================================================================================
ТИМ НА 19. КОЛО
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Антонио Каланоски (Беласица)
Фудбалерот кој се издвои во првото пролетно коло од Првата македонска фудбалска лига. Со хет-трик донесе важна победа за Беласица на гостувањето против Ренова во Тетово. Трите гола заедно со Гуџуфи го издвоија како најзаслужните за извонредниот триумф на струмичани.
===================================================================================
ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Ѓоре Јовановски (Беласица)
Поранешниот македонски селектор имаше повеќе од успешно официјално деби на клупата на Беласица. Искусниот стратег ја донесе неопходната свежина и квалитет во играта на струмичани, и неговата тактичка поставеност веднаш се забележа уште на првиот пролетен натпревар. Сега Беласица и тоа како е со дополнителен мотив за опстанок во лигата.
=======================================================================================
ТРАГИЧАР НА КОЛОТО: Марко Јовановски (Академија Пандев)
Голманот на Академија Пандев, Марко Јовановски е трагичарот на колото. На дуелот меѓу „пандевци“ и Работнички кој се одигра пред една недела, на снежниот терен и лошите услови за игра киксираше и таа грешка беше единствената причина за победата на „романтичарите“ во Струмица од 0-1.
=======================================================================================
ГОЛ НА КОЛОТО: Љупче Дориев (Шкендија)
Шкендија дојде до посакуваната победа на гостувањето против Силекс во Кратово. Тетовци славеа со пресврт (1-2), а вториот погодок беше дело на Љупче Дориев кој мајсторски погоди со глава од 15 метри…
========================================================================================
ФОТО НА КОЛОТО: Филип и Мартин – двоецот кој донесе позитивен резултат за Вардар
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА