Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 11. КОЛО
После долго време, Вардар успеа да остане непоразен во ПМФЛ. Одигра нерешено со лидерот на табелата Работнички на Национална Арена. За ова реми „вина“ има и Работнички, кој некако плашчиво влезе во натпреварот, немаше некоја посериозна шанса за што да жали, а за Вардар сега секој бод е значаен во битката за опстанокот. Вардарци сакаат да заврши есенскиот дел, а потоа со неколку нови играчи да се обидат да го поправат впечатокот. Барем такви се неофицијалните најави. НО…
Работнички пропушти шанса да се одлепи. Ниту Шкендија не успеа да триумфира, па така „романтичарите“ имаа можност да се одлепат. Меѓутоа четата на Горан Станиќ и натаму останува непоразена во првенството.
Гостивар со нов тренер покажува сила. Иако овој меч има барем на хартија најквалитетна екипа, сепак, петте ремија засега го одделуваат од табелата, но убедливата победа над Брера, дава сигнали дека гостиварци со нов тренер во името на Мерт Нобре, може да имаат успешна сезона. Силекс на домашен терен стандарно, реди бодови и го освлада и Беса, а Пелистер и натаму продолжува со нерешените резултати.
Тиквеш, пак, се мачи со давањето голови, успеа да постигне еден, но и да прими три на „Чаир“ против Шкупи, и да остане со празни раце.
Дербито во Тетово ги оправда очекувањата. Во многу борба и неизвесност, двата тима одиграа нерешено 1-1. Позадоволни од овој резултат треба да бидат стружани, кои влегова во овој меч после убедливиот пораз од Силекс, и се вратија со бод кај еден од претедентите за титулата. Во секој случај се очекува Струга ТЛ во секој момент да влезе во форма, и така да имаме неизвесност и за битката за титулата, и за опстанокот.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Флоријан Кадриу (Шкупи)
Тиквеш важи за една од екипите кои сезонава ретко примаат голови. А, играчот на Шкупи, Флоријан Кадриу успеа да постигне два и да ја донесе победата за својот тим. Вредна победа со која Шкупи и натаму останува во игра за висок пласман, со оглед дека екипата во оваа сезона игра во стил „топло-ладно“.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Мерт Нобре (Гостивар)
Штотуку назначен на клупата на Гостивар, Мерт Нобре успеа во својот прв настап за издвои победа, и да го совлада тимот на Брера убедливо со 4-1. И тоа на тежок терен во Маџари, сепак, Гостивар успеа целосно да го „скрши“ противникот, и покрај тоа што губеше со 0-1.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Огузан Ајдоган (Гостивар)
Прекрасен гол на Огузан Ајдоган од Гостивар во дуелот со Брера. Токму од неговиот тол почна пресвртот на Гостивар против Брера. Гостиварци губеа со 0-1, а потоа Ајдоган прекрасно од 26-27 метри со пракрасен удар ја „скина пајажината“ од голот на противникот. Потоа Гостивар стигна до триумф од 4-1 на крајот од мечот.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
ФОТО НА КОЛОТО: ЗА БОД(ОВИ), СЕ СТАВА И ТЕЛО ТАМУ КАДЕ ШТО НОГА НЕ СЕ СТАВА
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА