Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
==========================================================================================================================
Шкендија и АП Брера ги задржаа лидерските места со еднаков број бодови на врвот во Првата македонска фудбалска лига по шест натпревари, по ремијата без голови на домашен терен со Шкупи односно Работнички. Сето тоа јасно кажува дека неизвесна битка за врвот ќе има и оваа сезона, посебно ако се знае дека дури сега актуелниот шампион Струга ТЛ почнува со сериозните домашни активности, по елиминацијата во Европа. Стружани лесно славеа против Тиквеш покажувајќи дека сериозно ќе атакуваат на врвот. Брегалница продолжува со игрите „топло-ладно“ по новиот гостински пораз сега од Воска спорт во Охрид, а во битката за опстанок конечно се вклучува и Вардар со првата сезонска победа.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Алекса Марушиќ (Воска спорт)
Човекот на одлука кој ја донесе победата на Воска Спорт над третопласираната Брегалница. Со два гола секако беше најзаслужниот за трите бода на охриѓани, продолжувајќи да игра во одлична форма сезонава во елитното друштво.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Александар Васоски (Вардар)
Александар Васоски во само два натпревари по враќањето на клупата на „вардарци“ покажа дека и тоа како ќе биде сериозно засилувања за тимот во битката за опстанокот. Вардар тактички целосно ги надмудри „лавовите“ за конечно прва победа по враќањето во Првата лига. Сето тоа носи и мотив плус меѓу црвено-црните за продолжението од шампионатот.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Алекса Марушиќ (Воска Спорт)
Црногорскиот интернационалец Алекса Марушиќ беше творец на победата на Воска спорт над Брегалница. Посебно луциден беше вториот погодок, кога искористувајќи една грешка во гостинската одбрана со луб удар од околу 40 метри го совлада голманот на штипјани, Мартин Давков.
========================================
ФОТО НА КОЛОТО: Вардар и кученцата подобри од „лавовите“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
