Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 22. КОЛО
Ако до пред ова 22. коло Вардар имаше само еден бод предност во однос на најголемиот ривал Шкендија, сега разликата е плус три бода. Вардар имаше тешка мисија во Кратово, додека Шкендија се очекуваше со лесни три против Брера на домашен терен, дури и да го преземе лидерското место. Но, се случи сега скопскиот тим да направи разлика од три бода.
Вардар триумфираше во Кратово против Силекс, со еден гол и тоа оној на Стефан Цветковиќ. „Црвено-црните“ имаа и играч повеќе, меѓутоа и при „егал“ на теренот имаа повеќе од играта и од шансите. Погодија пречка, статива, потоа дојде и голот, а во вториот дел можеше Силекс да дојде и до бод, и да ја направи трката за титулата уште понеизвесна.
Во Тетово се чекаше само крајот. Шкендија со 10 играчи имаше предност во дуелот со Брера, се до 95. минута. Тогаш во нападот се уфрли Велкоски, и успеа да го совлада Гаје за голем бод за струмичани, а на големо разочарување кај домашните играчи.
Неизвеснота е далеку поголема на дното. Тиквеш и Башкими освоија златни бодови за опстанок, како и Брера кој со едниот бод и натаму „плива“ во мирни води. Шкупи е испаднат, има надеж за Работнички, додека за директен опстанок ќе се борат Пелистер, Македонија ЃП и Арсими.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Фудбалерот на Вардар, Стефан Цветковиќ се истакна во ова коло. Донесе три бода за Вардар на тешкото гостување во Кратово, но имаше и уште неколку обиди и порано да донесе предност за својот тим. Правеше огромни проблеми на одбраната на Силекс, и затоа го понесе епитетот играч на коло.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)
Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски имаше тешка задача пред ова коло. Не само поради фактот што неговиот тим гостуваше во Кратово, туку и што требаше да ја „разбуди“ екипата после оној незгоден пораз од Шкендија. Тоа на Седлоски му успеа, па веднаш го врати тимот на победничките патеки, а она што е најважно, е што Шкендија „киксна“ па сега има повторно предност на табелата.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Мартин Стојанов (Тиквеш)
Голот на колото оди зад името на Мартин Стојанов од Тиквеш. Секоја чест и за асистенцијата на Стојкоски, а Стојанов од тешка позиција со играч на Пелистер до себе, успеа да упати прецизен удар кој од стативата заврши во мрежата на битолчани, и што е најважно, голот беше вреден победа на кавадарчани.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 22. КОЛО:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
