Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 21. КОЛО
Максимална неизвесност во шампионатот од ПМФЛ внесе Шкендија по победа од 0-1 на гостувањето против Вардар во Скопје во големата дерби-пресметка од 21. коло.
Тетовци, на тој начин, по завршувањето и со европските настапи, сега на најдобар можен начин се вратија комплетно во игра за одбрана на титулата, и покрај досегашната сериозна предност на Вардар на врвот од табелата. Сосема заслужен триумф на Шкендија вчера во Скопје, надигрувајќи го противникот.
Покрај битката за трофејот, повеќе од сериозна и неизвесна битка Македонија ја очекува и за опстанок. Ако веќе се знае дека Работнички и Шкупи се тргнати кон второлигашката конкуренција, тогаш жестоко ќе биде околу избегнувањето на последната позиција која води во Втората лига. По победата над Работнички, јасно е и дека Македонија ЃП нема така лесно да се откаже од елитата. Арсими продолжува со лошите игри оваа пролет, па дефинитивно е сега веќе во една од најзагрозените позиции.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Муса Гуел (Тиквеш)
Муса Гуел се издвои на домашната прволигашка сцена ова коло. Најзаслужниот за убедливата победа на Тиквеш од 0-5, партиципирајќи во дури четири гола на својот тим. Беше стрелец на еден гол за кавадарчани, а запиша и три асистенции во убедливиот триумф.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)
Без сомнени сосема заслужена победа на Шкендија која целосно го надигра Вардар во дерби пресметката. Секако, централните заслуги за триумфот и за тренерот на тетовци кој тактички одлично го подготви тимот, максимално концентриран во одбраната а со одлична транзиција во напад, и максимално опасен за домашниот гол. Шкендија, водена од Јетон Беќири, има одлична низа од пет победи со која се активираше во трката за титула.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Голот на колото овој пат оди повеќе како резултат на значајноста на погодокот. Љатифи постигна погодок за триумф на Шкендија во големата дерби-пресметка со Вардар, по кој тетовци се вратија во игра за шампионската титула. Значењето на овој гол го издвојува во ова коло во македонскиот шампионат.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 21. КОЛО:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
