Прва лига – ПОД ЛУПА: Вардар во Втора лига, Шкендија може да игра – кога сака, и против кого сака!

Никола Станикевски

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

======================================================================================

ТИМ НА 32. КОЛО

Најтрофејниот македонски клуб, ФК Вардар, откако минатата сезона ја освои шампионската титула во Македонија, оваа се сели во Втората лига. Откако беше оставен од Сергеј Самсоненко, Вардар не собра сили да склопи тим кој ќе може да ја издржи пролетта, па на крајот и очекуван епилог. Од друга страна, претпоследното коло дополнително ја закомпликува трката за третото место на табелата. Македонија ЃП загуби од Шкендија која беше доволно мотивирани за победа во Ѓорче Петров, а Струга ТЛ триумфираше против Вардар. Па, на стружани сега во последното коло на гостувањето против Силекс во Кратово сами ќе го кројат патот до историскиот прв европски излез.

=====================================================================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Шкендија)

Одигра одличен натпревар против Македонија ЃП, со два убави погодоци најавувајќи ја драматична победа. Повторно е најдобриот стрелец во македонскиот шампионат отворено демонстрирајќи ги сите своите фудбалски квалитети.

===================================================================================

ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Борче Христов (Борец)

И покрај целокупната криза со која се соочуваше клубот низ зимскиот период, Борче Христов успеа на најдобар можен начин да ги склопи коцките на тимот кој пролетва игра и подопадлив фудбал од есенскиот дел. Борец покажа дека, и кога се останува без финансискиот колач, ако се има соодветен стратег на клупата кој умее да го води тимот и младиот фудбалски потенцијал доаѓа до израз.

=======================================================================================

ГОЛ НА КОЛОТО: Арменд Алими (Шкендија)

Постигна извонреден погодок за триумф на Шкендија во Ѓорче Петров. Истрча повеќе од 60 метри, „против себе“ имаше и безброј топки на теренот, но ништо не можеше да го спречи да запише извонреден гол…

========================================================================================

ФОТО НА КОЛОТО: Има да се гине, против тим кој не смее да мине…

Се вчитува...