Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 20. КОЛО
Првата лига оваа сезона е толку неизвесна што секој кикс може скапо да биде платен. Така Вардар одигра само 1-1 против Струга ТЛ на гостински терен, Шкендија победи, и се доближи на четири бодови пред меѓусебната пресметка во четврток. Тоа ќе биде виситнски спектакл. Струга ТЛ веќе заостанува многу, тешко дека ќе може да ги следи водечките, па така сега Вардар и Шкендија ќе водат вистинска битка за титулата. Ако Вардар победи со едната нога ќе се искачи на пиедесталот, во спротивно, секој друг резултат оди во прилог на Шкендија, која оваа пролет е залетана и има намера во одбрана на трофејот. Ги заврши настапите и во Европа, и сега максимално избраниците на Беќири се фокусираат кон титулата. Четвртото место е резервирано за Силекс, додека во долниот дел на табелата вистинска бркотница. Арсими, Брера и Башкими имаат по 26 бодови, Тиквеш 24, Македонија и Пелистер по 20, Работнички покажува знаци на живот, но и натаму е сето тоа далеку од идеална позиција, додека Шкупи е веќе со двете нозе во Втората лига. АП Брера со победата над директниот конкурент Башкими заплива во помирни води, Арсими е тука некаде, но со игрите кои ги прикажува во пролетниот дел не ветува многу. Истото се однесува и за Башкими. Во секој случај битката за опстанокот, односно за избегнување на третото место кое носи во Втората лига ќе биде пеколно. Како и за баражите. Ќе биде пеколно, секој бод, секој гол ќе биде важен. Исто како што ќе биде и за титулата, но таму работите ќе бидат појасни после меѓусебниот дуел во четврток. Ова е идеалниот тим на 20. коло според ЕКИПА. Во него се најдоа оние кои дадоа најголем придонес за нивните екипи да освојат бод(ови) од 20-тите натпревари во ПМФЛ. Бесарт Ибраими со двата гола против Пелистер го понесе епитетот најдобар, додека најдобар тренер е Мартин Алоѓозовски кој со неговиот тим успеа да извлече голема победа од жешкиот терен во Куманово.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Ветеранот во редовите на Шкендија Бесарт Ибраими е повторно клучен играч на тетовските „црвено-црни“ кој носи можност за освојување на титулата во ПМФЛ. Ибраими со два гола сам го донесе пресвртот против Пелистер, и победата на својот тим со кој ја продолжи потерата по Вардар во битката за првото место.
================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Мартин Алоѓозовски (АП Брера)
Тренерот на АП Брера Мартин Алоѓозовски заслужено е тренер на колото во 20. коло. Предводникот на струмичкиот тим славеше голема победа во Куманово против директниот конкурент за опстанокот Башкими, и неговиот тим ја сочува мрежата на крајот. Голем триумф за Алоѓозовски, а неговата АП Брера игра добро во пролетниот дел од сезоната.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Армин Бесагиќ (Арсими)
Арсими благодарение на прекрасниот гол на играчот од средниот ред Армин Бесагиќ успеа да освои бод во пресметката со Македонија ЃП. Фудбалерот на средниот ред со прекрасен шут од 22-23 метри ја смести топката во горниот лев агол и така успеа да го израмни резултатот.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 20. КОЛО:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
