Со одигрувањето на 14. коло, заврши и првиот дел од сезоната во Првата македонска лига. Согласно со системот за натпреварување, првопласираните четири екипи од двете групи„А“ и „Б“, ќе формираат нова група (со пренесени резултати од меѓусебните натпревари), а екипите од 5. до 7. позиција, во друга новоформирана група, ќе се борат за опстанок во оваа конкуренција.
вардар го освои првото место во својата група откако славеше над Црн Дрим со 91-82, и тоа по дополнителни пет минути откако во регуларниот дел мечот заврши 74-74. Младиот Данев одигра уште еден импресивен меч со 27 поени, 15 постигна Младеновски, додека Камилоски ги предводеше стрелците на Црн Дрим со 27 поени.
Мега Баскет лесно и убедливо го совлада тимот на Младинец со 118-84, додека Тетекс во драматична завршница на гостински терен го совлада тимот на Водно Санс со 76-79.
Бутел одигра уште еден импресивен меч славејќи со 124-87 над Спортисимо, а убедливи беа и штипските Соколи, кој триумфираа со 47-94 на гостувањето против Струмица Ролинг.
ПРВА МАКЕДОНСКА ЛИГА-МАЖИ
ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО
Вардар – Црн Дрим 91:82
Водно санс – Тетекс ТТК 76:79
Мега баскет – Младинец 118:84
Охрид – слободен
ТАБЕЛА
1.Вардар 12 10 2 1106:847 22
2.Мега баскет 12 10 2 1116:975 22
3.Водно санс 12 6 6 1041:951 18
4.Охрид 12 6 6 905:893 18
—————————————————————–
5. Црн Дрим 12 5 7 949:965 17
6.Тетекс ТТК 12 5 7 872:979 17
7.Младинец 12 0 12 846:1182 12
*Екипите на Вардар, Мега баскет, Охрид и Водно санс се пласираа во плеј-офот
**Екипите на Црн Дрим, Тетекс ТТК и Младинец ќе играат во плеј-аутот
ГРУПА „Б“
РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО
Борец баскет – Овче Поле 96:71
Бутел – Спортисимо 124:87
Струмица Ролинг – Соколи 1933 47:94
Струмица ФМП – слободен
ТАБЕЛА
1.Струмица ФМП 12 9 3 1006:737 21
2.Соколи 1933 12 9 3 1085:879 21
3.Бутел 12 9 3 1074:919 21
4.Борец баскет 12 9 3 1014:866 21
————————————————————————-
5.Овче Поле 12 4 8 956:962 16
6.Струмица Ролинг 12 2 10 787:1118 14
7.Спортисимо 12 0 12 762:12003 12
*Екипите на Струмица ФМП, Бутел, Соколи 1933 и Борец баскет се пласираа во плеј-офот
**Екипите на Овче Поле, Струмица Ролинг и Спортисимо ќе играат во плеј-аутот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

