ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО…. 29. КОЛО
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (4-0)
Ангелов 54′, Маркоски 65′, 67′, Чарлс Гофри 70′
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (2-0)
Радески 63′, Ибраими 82′
Струмица: ПОБЕДА – ВАРДАР (2-0)
Гешоски 20′, Даноски 55′
Кичево: СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ (0-2)
Дориев 57′, Балдовалиев 66′
Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0)
Пановски 42′
======================================================================================
КРАЈ И НА ОСТАНАТИТЕ ДУЕЛИ…. Победа го „нечака“ Вардар за да брка опстанок. Скопје загуби од Академија Пандев!
КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ ВО ТЕТОВО. Шкендија е нов шампион на Македонија!
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (2-0)
2-0 – 82′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Соло акција на Бесарт Ибраими кој буквално си се шеташе во гостинскиот шеснаесетник покрај гостинската одбрана и од десеттина метри прецизно погоди под гредата!
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)
78′ – По подолго отсуство поради повреда, на теренот се враќа и капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани кој влезе во игра на местото на Изаир Емини
СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ (0-2)
0-2 – 66′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Одличен шут на Балдовалиев од 20 метри, сместувајќи во левиот агол од голот на Скопје
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ (1-0)
1-0 – 63′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Во мешаницата пред голот на Шкупи најдобро се снаоѓа Радески кој со глава сместува во мрежата на гостите
СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ (0-1)
0-1 – 57′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Љупчо Дориев се најде во одлична позиција шутирајќи извонредно за водство од 0-1
ПОБЕДА – ВАРДАР (2-0)
2-0 – 55′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Акција почната од голманот Тофилоски, па брза контра кон Даноски, кој одлично се ослободи од своите чувар и ниско по земја стрела за 2-0
СКОПЈЕ – АК. ПАНДЕВ (0-0)
53′ – Одлична шанса за Скопје по корнерот од левата страна, но во мешаницата пред голот на гостите Алексовски шутира над голот
- Почеток на второто полувреме
Крај на првото полувреме на останатите четири натпревари од 29. коло во ПМФЛ.
Крај на мечот на „Филип Втори“. Убедлива победа на Работнички.
СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0)
1-0 – 42′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Со погодокот на Александар Пановски, кратовци доаѓаат до предност
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (4-0)
4-0 – 70’ – ГОООООЛ за Работнички, 4-0. Чарлс Гофри стрела во мрежата на Пелистер
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (3-0)
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (2-0)
ПОБЕДА – ВАРДАР (1-0)
1-0 – 20′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. По нафрлањето од десната страна, грешка во вардаровата одбрана и Гешоски од 7-8 метри носи водство за прилепчани
- По 15 минути игра ниту еден погодок на натпреварите кои стартуваа од 16 часот!
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (1-0)
Крај на првото полувреме на „Филип Втори“…
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)
45’ – Асани нафрли, Маркоски шутираше, но за малку крај голот
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)
42’ – Серџо јуниор шутира од десетина метри откосо од левата страна, но Драгарски во последен момент блокираше во корнер
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)
31’ – Петар Петковски шутира од 25 метри, за малку крај голот на Пелистер
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)
15′ – Натпревар без возбудувања. Досега, единствена шанса од 8. минута на Серџо јуниор
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)
8’ – Прва одлична шанса за Работнички. Серџо јуниор со одличен пробив од левата страна, шутираше откосо, а Петровски со крајни напори и топката заврши во гредата од голот на Пелистер
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР (0-0)
5′ – Крајно мирен почеток на мечот, без шанса и на двете страни.
ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРОТ НА „ФИЛИП ВТОРИ“…
- Натпреварот меѓу Работнички и Пелистер од 29. коло во ПМФЛ стартува од 15 часот. Останатите четири дуели се играат од 16 часот.
Меч важен и за двете екипи. „Романтичарите“ бркаат Европа, а Пелистер сега со Неџат Хусен на клупата брка опстанок…
======================================================================================
Стартуваат натпреварите од 29. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за третото место на табелата и битката за опстанок.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА