ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Реми на Шкупи и Шкендија, „лавовите“ во 92. минута до победа со Работнички, „пандевци“ паднаа во Битола… (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 1. КОЛО….

Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (2-2)

Дарбо Дембо 6′, 44′ – Дориев 60′, Ахмеди 66′

Струмица: БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-6)

Ивановски 47′, П. Ѓорѓиев 59′, Ристов 70′, 84′, Ѓуриќ 88′, Костовски 92′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (2-1)

Божиновски 40′, Адем 90’+2 – Тодоровски 55′

Тетово: РЕНОВА – СТРУГА ТЛ (0-0)

Битола: ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ (1-0)

Хот 10′

ВЧЕРА

Скопје: ВАРДАР – БОРЕЦ 0-1

======================================================================================

  • КРАЈ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 1. КОЛО ВО ПМФЛ

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – 90’+2 – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Акција во три потези која од непосредна близина ја завршува Адем за триумф на „лавовите“.

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-5)

0-5 – 88′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. По нафрлањето на Ристов од десната страна, Ѓуриќ од непосредна близина погодува за 0-5

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-4)

0-4 – 84′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Евро-гол на Денис Ристов директно од слободен удар од околу 20 метри под гредата од голот на домашниот голман 

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (2-2)

75′ – Колосална шанса за Нафиу, го издрибла голманот Наумовски, шутираше, но Кривањева блокираше на гол-линијата

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-3)

0-3 – 70′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Кратовци комплетно го кршат отпорот на домашните. Ристов од десеттина метри откосо ниско по земја стрела за 0-3

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (2-2)

2-2 – 66′ ГООООЛ за Шкендија. Ахмеди го израмнува резултатот откако реагираше одлично на центаршутот на Љупчо Дориев од левата страна

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-2)

0-2 – 59′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. По корнерот од десната страна, во мешаницата пред голот на Беласица најдобро се снаоѓа Пепи Ѓорѓиев кој од непосредна близина го постигнува својот прв гол за Силекс

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (2-1)

2-1 – 60′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Алими убаво го проигра Дориев, кој ја прими топката и со полуволеј постигна прекрасен погодок со левата нога. Деби гол на Дориев за Шкендија

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (1-1)

1-1 – 55′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Петковски одлично го проигра Димитар Тодоровски кој откосо од левата страна ја затресе мрежата на Македонија ЃП.

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-1)

0-1 – 47′ – ГОООООЛ ЗА СИЛЕКС. Нафрлување од левата страна, а Ивановски пред голот на домашните од само неколку метри стрела во мрежата

Почеток на второто полувреме на натпреварите од 1. коло во ПМФЛ…

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ….

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (2-0)

2-0 – 44′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Исени го проигра Дембо Дарбо кој истрча по десната страна, излезе пред Костадин Захов и погоди во спротивниот агол.

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 40′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Томе Китановски нафрли од десната страна, а Божиновски со удар со глава го совлада Јанков.

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ (0-0)

38′ – 100% шанса за Ренова. По нафрлувањето од левата страна, Рамадани сам на 5-6 метри пред голот на стружани ја зафаќа топката со глава но покрај дирекот

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

36′ – Одличен удар на Рамадани од 20 метри, но Наумовски одлично интервенира под самата греда, спречувајќи сигурен погодок

РЕНОВА – СТРУГА ТЛ (0-0)

32′ – Без многу возбудувања на натпреварот во Тетово, без шанси на двете страни

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-0)

26′ – Огромна шанса за Беласица, Радојчиќ во идеална можност од десет метри но шутира високо над голот

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-0)

23′ – Добар удар на Да Силва но брани гостинскиот голман

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

20′ – Дориев во шанса, прифати топка во шеснаесетникот, шутираше, но беше блокиран во последен момент

БЕЛАСИЦА – СИЛЕКС (0-0)

17′ – Корнер од левата страна за Силекс, добар центаршут на шест метри но расчистува домашната одбрана

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (0-0)

12′ – Убава шанса за Македонија ЃП. Воша шутира со глава од седум метри, Јанков исфрли во корнер

ПЕЛИСТЕР – АК. ПАНДЕВ (1-0)

1-0 – 10′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Битолчани со голот на засилувањето Анес Хот доаѓаат до водство против Академија Пандев

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (0-0)

10′ – Шаркоски нафрли од десната страна, но Мишевски во последен момент расчисти во корнер за Работнички

МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ (0-0)

7′ – Демир беше форсиран по левата страна, но Јанков истрча и ја прифати топката

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА (1-0)

1-0 – 6′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Одлилна акција на домаќинот, Дарбо правовремено реагираше на центаршутот од десната страна и од пет метри ја затресе мрежата на Шкендија.

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 1. КОЛО ВО ПМФЛ…

Старт на прволигашките возбудувања под максимални здравствени протоколи за сите членови на клубовите… Во Ѓорче Петров мерење температура за сите фудбалери на Работнички пред влезот на стадион.

  • Познати се составите за пресметката меѓу Шкупи и Шкендија… Владимир Колев е шеф на стручен штаб на Шкупи, само поради неопходната УЕФА про лиценца, иако тимот го води Муарем Бајрами

  • Познати се и составите за дуелот меѓу Македонија ЃП и Работнички во Ѓорче Петров.

======================================================================================

Стартува новата сезона од Првата македонска фудбалска лига… Дербито се игра во Чаир каде Шкупи ја пречекува Шкендија. Пелистер и Беласица повторно се враќаат во прволигашкото друштво.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...