ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: И трет пораз за Вардар во последните шест меча… (ФОТО)

Скопје: ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

Пеев 57′

Тетово: ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (5-0)

Нафиу 25′, Емини 28′, 64′, Шефити 69′, Фазли 88′

Струмица: БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (3-1)

Ивановски 9′, Балдовалиев 80′(п), Георгиев 92′ – Мишковски 45′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (2-2)

Божиновски 15′(п), Да Силва 87′ – Ангелов 19′, Сухељ 24′

Турново: АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (2-1)

Пандев 26′, Исаевски 87′(аг) – Макота Јаник 30′

Standings provided by Sofascore LiveScore


======================================================================================

  • Крај и на натпреварот во Маџари. Победа на Работнички против Вардар!
  • Крај на натпреварот и во Ѓорче Петров. Македонија ЃП ремизираше со Шкупи (2-2)
  • Крај на натпреварите во Тетово, Струмица и Турново

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (2-2)

2-2 – 87′ – ГООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Бразилецот Робсон Да Силва израмнува за „лавовите“

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (3-1)

3-1 – 92′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Пепи Георгиев стрела за Беласица за двојна предност

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (5-0)

5-0 – 88′ – ГООООООЛ за Шкендија. Самир Фазли со удар со глава ја смести топката на вистинското место

АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (2-1)

2-1 – 87′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. По нафрлувањето од десната страна пред голот на гостите, неспретна реакција на Исаевски кој од неколку метри си постигнува автогол

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

76′ – Лира се обидува со шут од 20 метри, но за малку покрај левиот дирек од голот на Работнички

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (2-1)

2-1 – 80′ – ГОООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Зоран Балдовалиев прецизно стрела од пенал за водство на струмичани

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (1-1)

!!! – 78′ – Ренова остана со фудбалер помалку на теренот по директниот црвен картон кој го доби стрелецот на голот, Ненад Мишковски по соборувањето на противнички фудбалер во шеснаесетникот

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (4-0)

4-0 – 69′ – ГОООООЛ за Шкендија, Шефит Шефити. Младиот фудбалер се одлучи за удар од 25 метри и погоди во долниот лев агол.

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (3-0)

3-0 – 64′ – ГОООООЛ за Шкендија. Изаир Емини со удар од 12 метри го совлада противничкиот голман

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 57′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Оливер Пеев доби одлична топка од Бопесу на вториот дирек и од непосредна близина носи водство за Работнички

  • Почеток на вториот дел од натпреварите во 15. коло од ПМФЛ

КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (1-1)

1-1 – 45′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Ненад Мишковски погодува за Ренова, за израмнување во Струмица

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

37′ – Голема шанса за Вардар. Брдаровски се најде во одлична позиција, шутираше од десеттина метри откосо но Божиновски со извонредна интервенција спречува водство на домашните

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

32′ – Шут на Пеев од 16 метри, но блокиран неговиот удар

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (2-0)

1-0 – 28′ – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Фазли шутираше кон голот на Силекс, голманот Стефановиќ ја одби топката, а Емини од непосредна близина погоди во празната мрежа.

АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (1-1)

1-1- 30′ – ГООООЛ ЗА ПОБЕДА. По брз контранапад на гостите Макота Јаник го израмнува резултатот во Турново

АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (1-0)

1-0 – 26′ – Одлично нафрлање од левата страна, а Сашко Пандев со глава од 7-8 метри носи предност за домашните

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (1-0)

1-0 – 25′ – ГООООЛ за Шкендија, 1-0. Валмир Нафиу. По корнерот од левата страна, топката дојде на вториот дирек, а Нафиу добро се снајде и успеа да ја спроведе во мрежата

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (1-2)

1-2 – 24′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Мухарем Сухељ носи водство за Шкупи

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ (0-0)

20′ – Без посериозни возбудувања на дербито во Маџари….

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 19′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. Виктор Ангелов по само четири минути игра израмнува на стадионот во Ѓорче Петров

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ (1-0)

1-0 – 15′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Капитенот Боби Божиновски стрела од белата точка за водство на „лавовите“

АК. ПАНДЕВ – ПОБЕДА (0-0)

16′ – Одлична шанса за Победа. Трајче Ефремов сам пред голот на домашните по левата страна, шутира од 15 метри но лесен плен за голманот на Академија Пандев

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС (0-0)

7′ – Дурански шутира од 16 метри, крај голот на Шкендија

БЕЛАСИЦА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 9′ – ГООООЛ ЗА БЕЛАСИЦА. Филип Ивановски ги носи струмичани до водство на дуелот против „гипсарите“

ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 15. КОЛО ВО ПМФЛ….

  • Познати составите за дерби пресметката меѓу Вардар и Работнички на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Вардар на мегдан и без стоперот Евгениј Новак, откако од поодамна надвор од клубот се Барсегјан и Максимов…

======================================================================================

Во 15. коло од новата сезона 2018/2019 во македонската Прва лига… Дербито се игра во Маџари каде Вардар го пречекува Работнички. Шкендија во трка по бодови против Силекс во Тетово.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...