ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Вардар до реми во Ѓорче Петров, Работнички загуби, Борец и Силекс до победи… (ФОТО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 10. КОЛО….

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (1-1)

Јашаровски 69′ – Аврамовски 46′

Кратово: СИЛЕКС – РЕНОВА (3-0)

Благојевиќ 69′, Додев 82′, 93′

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ (2-1)

Христов 28′, Прелчец 90′ – Јурина 22′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (1-2)

Тошевски 52′ – Цаке 10′, Османи 73′

ВЧЕРА

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ 0-1

=========================================================================================

  • КРАЈ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ ОД 10. КОЛО ВО ПМФЛ!

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (1-2)

!!! – 90’+5 – Пенал за Работнички, но голманот на Струга ТЛ, Урош Ѓуриќ го одбрани шутот од белата точка на Петар Петковски!

  • Крај на натпреварот и во Кратово, Убедлива победа на Силекс против Ренова од 3-0.

БОРЕЦ – ШКУПИ (2-1)

2-1 – 90′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Брз контранапад на Борец, хрватскиот напаѓач Никола Прелчец доби топка од длабочина и од десет метри стрела за водство од 2-1

СИЛЕКС – РЕНОВА (3-0)

3-0 – 93′ – ГОООЛ ЗА СИЛЕКС. Додев со својот втор гол од непосредна близина носи водство и од 3-0

  • Крај на натпреварот во Ѓорче Петров. Без победник на дербито меш

СИЛЕКС – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 82′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. Ивановски шутира од 15 метри, гостинскиот голман брани но ја одбива топката во поле само до Дарко Додев кој од непосредна близина стрела за 2-0

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (1-2)

1-2 – 73’ ГООООЛ за Струга ТЛ. Брза акција на гостите, Османи доби топка по десната страна, влезе во шеснаесетникот и го совлада Шишковски

СИЛЕКС – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 69′ – ГООООЛ ЗА СИЛЕКС. По корнерот од десната страна Благојевиќ со глава од 5-6 метри сместува во мрежата од голот на Ренова

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (1-1)

1-1 – 69’ ГОООООЛ за Македонија ЃП. Ален Јашароски прифати топка во опасната зона, се реши за шут од работ на шеснаесетникот и го совлада Гачевски

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-1)

68’ – 100% шанса за Македонија. Робсон да Силва шутираше од слободен удар од 18 метри, Гачевски одбрани, а топката удри во дирекот и се одби во поле

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (1-1)

55’ – Одлична шанса за Работнички, во последен момент одбраната на Струга ТЛ расчисти во корнер

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-1)

59′ – Одлична шанса за Македонија ЃП. Јашаровски сам пред голот на Вардар се обидува со глава од десеттина метри но над голот на гостите

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (1-1)

1-1 – 52’ – ГООООООЛ за Работнички. Јаго Гомес кој влезе на почетокот на вториот дел, го проигра Тошевски, кој од непосредна близина реализираше.

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-1)

0-1 – 46’ – ГОООООЛ за Вардар. Во соло акција, Даниел Аврамовски се одлучи за шут од 20 метри и го надмудри Марко Јовановски

  • Почеток на второто полувреме….
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ…

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-0)

45′ – Одличен шут на Да Силва од 20 метри, и можност за водство против Вардар, но сантиметри над гредата од голот на Гачевски

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (0-1)

30’ – Тошевски уште еднаш во шанса, но топката заврши во рацете на Ѓуриќ

БОРЕЦ – ШКУПИ (1-1)

1-1 – 28′ – ГООООЛ ЗА БОРЕЦ. Сличен погодок на спротивната страна како при водството на Шкупи. Сега по нафрлање од левата страна на втор дирек, Христов од непосредна близина постигнува погодок за израмнување

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (0-1)

25’ – Груб старт на Клисман Цаке над Јевтоски и мала мешаница. Дефанзивецот на Струга ТЛ доби жолт картон

БОРЕЦ – ШКУПИ (0-1)

24′ – Одлична шанса за Борец за израмнување, но контранападот на домашните завршува неуспешно

БОРЕЦ – ШКУПИ (0-1)

0-1 – 22′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Исени нафрли од корнер од левата страна, а на вториот дирек Марин Јурина осамен лесно погодува во мрежата од две метри

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-0)

21’ – Колевски шутира од вртење од 16 метри, Марко Јовановски одбрани

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (0-1)

14’ – Херера нафрли од слободен удар, Урош Ѓуриќ боксуваше и ја отстрани опасноста

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ (0-1)

0-1 – 10’ – ГОООООООЛ за Струга ТЛ. Клисман Цаке носи водство за стружани. Тој со удар со глава ја затресе мрежата на Работнички, по корнерот од десната страна

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР (0-0)

10′ – Прво возбудувања на мечот. Дејан Блажевски се обиде директно од слободен удар од 25 метри, но за малку непрецизно

Почеток на четири натпревари од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига…

  • ПОЗНАТИ СЕ СОСТАВИТЕ ЗА ПРЕСМЕТКАТА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ…

======================================================================================

Во 10. коло од ПМФЛ, денеска Вардар гостува на Македонија ЃП во желбата за враќање на лидерското место. Работнички го пречекува Струга Трим Лум во битка за нов триумф.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...