Академија Пандев загуби со „кец во два“ од Скопје, Брегалница со два играчи помалку испушти предност од 2-0 против Ренова (ВИДЕО)

ПМФЛ – 25. КОЛО….

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ (0-0)

Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ (1-0)

Радески 49′

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-2)

Маронг 5′ – Игнатов 63′, 79′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (2-0)

Емини 63′(п), 90′(п)

Скопје: БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (2-2)

Дамњановиќ 35′(п), 59′ – Шефити 77′, Селмани 80′(п)

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – СТРУГА ТЛ 1-3

======================================================================================

  • Крај и на дуелот на Чаир. Минимална победа на Шкупи од 1-0 со Тиквеш.
  • Шкендија одигра без голови со Борец, а Македонија ЃП со два гола од пенал славеше против Пелистер со 2-0.
  • Крај и на дуелот на теренот во ФФМ. Ренова и покрај тоа што имаше 0-2 во финишот дојде до 2-2. Брегалница доби два црвени картони.
  • Крај на натпреварот во Струмица, изненадувачка победа на Скопје со „кец во два“, обложувачки кажано, против Академија Пандев!

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (2-0)

2-0 – 90′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Уште еден пенал за „лавовите“ и уште еден гол на Сефер Емини


БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (2-2)

2-2 – 80′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Неверојатни возбудувања… Мојсов прави прекршок за пенал и црвен картон. Ренова со голот на Селмани од пенал го израмнува резултатот, а Брегалница е со два фудбалери помалку!


АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-2)

1-2 – 79′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Леонид Игнатов со својот втор гол носи пресврт предност за Скопје во Струмица


БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (2-1)

2-1 – 77′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Еврогол на Шефит Шефити со шут од 20 метри

МАКЕДОНИЈА ЃП – ПЕЛИСТЕР (1-0)

1-0 – 63′ – ГООООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Гол од пенал на Сефер Емини за водство на „лавовите“


АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-1)

1-1 – 63′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Леонид Игнатов го израмнува резултатот во Струмица!

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (2-0)

2-0 – 59′ – ГОООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Одлична асистенција на нововлезениот Алтипармаковски до Дамњановиќ кој откосо стрела за 2-0. Штипјани и со играч помалку до предност од два гола!


ШКУПИ – ТИКВЕШ (1-0)

1-0 – 49′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Марјан Радески стрела за предност на Шкупи

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (1-0)

50′ – Одличен шут на Мустафов од 20 метри, но уште поубава одбрана на Денковски кој исфрла во корнер

  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (1-0)

45′ – Непромисленост на Дарко Додев, но се чини и престрога одлука на главнот судија. Поради обид да одглуми пенал добива втор жолт картон и исклучување! Брегалница останува со играч помалку!

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (1-0)

1-0 – 35′ – ГООООООЛ ЗА БРЕГАЛНИЦА. Урош Дамњановиќ од пенал носи водство за Брегалница, откако претходно имаше игра со рака во шеснаесетникот од гостите


БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (0-0)

27′ – Добар обид на Дамњановиќ од 20 метри директно од слободен удар, но брани гостинскиот голман

  • Први 25 минути игра на прволигашките терени, а без многу возбудувања со само еден погодок во Струмица

БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА (0-0)

14′ – Обид на Додев од 16 метри, но блокиран неговиот шут кон голот на Ренова

ШКУПИ – ТИКВЕШ (0-0)

9′ – ИНТЕРЕСНА СИТУАЦИЈА НА ЧАИР. Главниот судија Јован Качевски од Струга најпрво досуди пенал за Тиквеш на дуелот против Шкупи, а потоа по консултација со помошникот го поништи. Во Македонија нема ВАР, но секако може да се разгледуваат и променат првично донесени одлуки!


АК. ПАНДЕВ – СКОПЈЕ (1-0)

1-0 – 5′ – ГООООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Домашните во Струмица експресно доаѓаат до водство со голот на Маронг

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 25. КОЛО ВО ПМФЛ

======================================================================================

Во 25. коло од ПМФЛ, фаворитите со лесни задачи во обидот за нови бодови. Интересна пресметка меѓу Брегалница и Ренова која ќе се игра на теренот на ФФМ во Скопје.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...