ПРВА ЛИГА ВО ЖИВО: Петковски донесе реми за Скопје против Шкупи

ВО ЖИВО…ПРВА ЛИГА

РЕНОВА – ВАРДАР (1-1)

Нафиу 90’ пен. – Барсегјан 76’

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-3)

Благојевиќ 62’ – Хасани 4’, Бојку 43’, Вакили 54’

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (4-2)

Ангелов 4’, Кировски 6’, Маркоски 59’, 85’ – Лога 29’, Даноски 60’

ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-3)

Трифуновски 32’ пен. – Миловановиќ 5’, Чешмеџиев 46’, Балдовалиев 87’ пен.

СКОПЈЕ – ШКУПИ (1-1)

Петковски 89’ – Јашароски 7’

_________________________________________________________________________________ 

Крај на сите натпревари од 33.коло од Првата фудбалска лига.

СКОПЈЕ – ШКУПИ (1-1)

89’ ГООООООЛ за Скопје, 1-1. Филип Петковски го израмнува резултатот на „Железарница“.

ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-3)

87’ ГОООООООЛ за Академија Пандев, 1-3. Зоран Балдовалиев стрела за “пандевци“ од пенал, откако Ристевски играше со рака во својот шеснаесетник.

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-3)

Крај на мечот во Кратово.

РЕНОВА – ВАРДАР (1-1)

90’ ГОООООЛ за Ренова, 1-1. Нафиу од пенал донесе израмнување, откако Горан Попов беше виновник за ударот од 11 метри.

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (4-2)

85’ ГОООООООЛ за Работнички, 4-2. Кире Маркоски. Тој доби употреблива топка, излезе сам пред противничкиот голман и пласираше под него, за два гола предност за „романтичарите“. 

РЕНОВА – ВАРДАР (0-1)

76’ ГООООООЛ за Вардар, 0-1. Тигран Барсегјан носи водство за Вардар во Тетово против Ренова. 

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (3-2)

73’ Даноски имаше одлична шанса, но Јанков го одбрани неговиот удар од петерецот.

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-3)

67’ – Голманот на Шкендија, Беким Реџепи добива црвен картон. Влегува во игра Костадин Захов, на местото на Арменд Алими, а Шкендија ќе биде со играч помалку до крајот на дуелот.

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (1-3)

62’ ГОООООООЛ за Силекс, 1-3. Дејан Благојевиќ го постигнува првиот гол за кратовци на овој меч.  

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (3-2)

60’ ГООООООЛ за Победа, 3-2. Зоран Даноски ја враќа повторно Победа во живот. 

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (3-1)

59’ – ГООООООЛ за Работнички, 3-1. Кире Маркоски го удвои водството на „романтичарите“. 

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-3)

54’ – ГОООООООЛ за Шкендија, 0-3. Вакили го зголемува водството на Шкендија во Кратово.

ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-2)

46’ – ГОООООООЛ за Академија Пандев, 1-2. Чешмеџиев повторно носи водство за гостите под „Тумбе кафе“.

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (2-1)

46’ – Одлична шанса за Победа. Зоран Даноски излезе сам пред голманот Јанков, но не успеа да погоди.

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (2-1)

45’ – Убава шанса за Кире Маркоски. Тој шутираше од 15 метри, но не беше прецизен.

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-2)

43’ – ГОООООООЛ за Шкендија, 0-2. Бесмир Бојку се одлучи на удар од 30 метри и го совлада голманот на Силекс.   

ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (1-1)

32’ ГОООООЛ за Пелистер, 1-1. Иве Трифуновски од пенал носи израмнување за Пелистер. Но, се чини дека пеналот е престрого досуден. Миленковски зафати волеј, а топкатра удри во телото на еден одбранбен фудбалер на Академија Пандев.  

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (2-1)

29’ – ГОООООООООЛ за Победа, 2-1. Алтин Лога. Победа преку Лога, кој излезе сам пред голот и реализираше, ја намалува негативата на арената „Филип Втори“.    

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (2-0)

20’ – Нов обид на Ангелов, но за малку крај голот на Победа.

СКОПЈЕ – ШКУПИ (0-1)

7’ ГОООООЛ за Шкупи, 0-1. Ален Јашароски. Илијоски нафрли од десната страна, а Јашароски со удар со глава ја затресе мрежата на Скопје.

ПЕЛИСТЕР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ (0-1)

5’  ГООООООЛ за Академија Пандев, 0-1. Даниел Миловановиќ веќе во петтата минута ја затресе мрежата на Пелистер. 

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (2-0)

6’ ГОООООООЛ за Работнички, 2-0. Христијан Кировски го постигнува вториот гол за домаќинот на овој меч. 

РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА (1-0)

4’ – Пенал за Работнички. Виктор Ангелов успешно реализира за водство на „романтичарите“.

СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА (0-1)

4’ – ГОООООООЛ за Шкендија, 0-1. Ферхан Хасани носи предност за Шкендија во Кратово.

____________________________________________________________________________________________

Стартуваат натпреварите од 33. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за третото место на табелата и битката за опстанок.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...