ВО ЖИВО… ПРВА ЛИГА, 34.КОЛО
Турново: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-1)
Гофри 86′
Тетово: ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (3-1)
Радески 2′, Емини 48′, Алими 88′ – Демир 13′
Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА (3-0)
Стојкоски 31′, Илијоски 86′, Адем 89′
Струмица: ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-0)
Даноски 49′
Скопје: ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-3)
Барсегјан 8′, Блажевски 60′(п) – Трифуновски 13′(п), Коњарски 69′, Наумоски 90′
=================================================================================================
- КРАЈ И ВО ТУРНОВО. Голема победа на Работнички против Академија Пандев во трката за Европа!
- Крај на натпреварите во Тетово и во Скопје. Пелистер го победи Вардар на „Филип Втори“, Шкупи убедлив со Ренова…
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-3)
2-3 – 90′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Со погодокот на Наумоски, Пелистер доаѓа до предност на „Филип Втори“
ШКУПИ – РЕНОВА (2-0)
2-0 – 86′ – ГООООЛ ЗА ШКУПИ. По корнерот од левата страна, Илијоски со глава за водство од 2-0
АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)
76′ – Јани Атанасов шутира директно од слободен удар од 25 метри, но Божиновски брани
ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)
74′ – 100% шанса за Шкупи. Баже Илијоски изби сам пред голот на Ренова, но брани гостинскиот голман
ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-0)
!!! – 70′ – И Победа промашува удар од белата точка! Брани Милан Митровиќ!
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-2)
2-2 – 69′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Благојче Коњарски носи израмнување на дуелот на „Филип Втори“!
ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-0)
!!! – 66′ – Силекс не реализира пенал! Игра со рака на домашните дефанзивци и оправдано досуден удар од белата точка, кој не го реализира Пановски
ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)
62′ – Голема шанса за Ренова. Нафиу одлично го проигра Влатко Стојановски кој сам изби пред голот на домашните, шутираше од прва од 16 метри но брани Зендели
АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)
!!!! – 62′ – Втор жолт картон за Чешмеџиев, и исклучување за дефанзивецот на домашните!
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (2-1)
2-1 – 60′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Дејан Блажевски со удар од белата точка носи повторно водство за Вардар.
ПОБЕДА – СИЛЕКС (1-0)
1-0 – 49′ – ГОООООЛ ЗА ПОБЕДА. Зоран Даноски добива одлична топка на 15 метри, шутира ниско по земја за водство на прилепчани
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (2-1)
2-1 – 48′ – ГОООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Со погодокот на Изаир Емини, тетовци повторно до предност
СТАРТ НА ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 34. КОЛО ВО ПМФЛ…
- Крај на првиот дел и на останатите три натпревари…
ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)
44′ – Одличен шут на Илијоски откосо од 15 метри, но брани гостинскиот голман
- Крај на првото полувреме во Тетово и на „Филип Втори“… Шкендија – Скопје (1-1), Вардар – Пелистер (1-1)!
АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)
37′ – Силен дожд во Турново кој ја отежнува можноста за квалитетно издание на двете страни. Без многу шанси, резултатот без промени

ШКУПИ – РЕНОВА (1-0)
1-0 – 31′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Одлично пред голот на гостите Илијоски запре топка, го проигра Стојкоски кој од 12 метри прецизно шутира за водство на домашните
АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ (0-0)
25′ – Одлична шанса за домашните. Атанасковски се најде во супер позиција, шутираше откосо од лево но гредата го спаси голот на Работнички.
ШКУПИ – РЕНОВА (0-0)
25′ – Нов одличен обид на Адем, сега од 20 метри, но сантиметри покрај десниот дирек од голот на Ренова
ШКУПИ – РЕНОВА (0-0)
19′ – Одличен шут на Адем од 18 метри, но топката зафаќа од дефанзивците на Ренова и за малку завршува над гредата од голот на гостите
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (1-1)
1-1 – 13′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Пенал за гостите, кој успешно го реализира Иве Трифуновски за израмнување на резултатот
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (1-1)
1-1 – 13′ – ГООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Убава акција на гостите која со гол ја крунисува младинскиот репрезентативец Бенјамин Демир
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР (1-0)
1-0 – 8′ – ГОООООЛ ЗА ВАРДАР. Со погодокот на Тигран Барсегјан, Вардар брзо доаѓа до предност на „Филип Втори“

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ (1-0)
1-0 – 2′ – ГООООООЛ за Шкендија. Марјан Радески носи водство за Шкендија уште на самиот старт од натпреварот. Тој со удар од десетина метри успеа да ја затресе мрежата на Скопје.
- Централните погледи од денешните натпревари во 34. коло во ПМФЛ се насочени кон Турново и на Чаир каде ќе се води битката за Европа
- Победа, Скопје и Пелистер, пак, ја активираат последната надеж за избегнување на преселба во Втората лига. Две екипи ќе испаднат, а за една постои надеж преку баражот за опстанок!
======================================================================================
Стартуваат натпреварите од 34. коло во 2017/18 сезона во Првата фудбалска лига на Македонија. Откако веќе е извесна битката за титулата, сега главните погледи се насочени кон битката за европски излез и битката за опстанок.
Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

